Девет НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ во историјата: Само еден од нив е сѐ уште жив!

Секојдневно читаме за најбогатите луѓе на светот, секоја година се прават листи на оние со „најдлабок“ џеб, се објавуваат детали за нивните животи и кои материјални нешта ги поседуваат.Во овој текст ви донесуваме нешто поинакво, односно листа на најбогати луѓе во историјата на човештвото.
9. Џингис Кан (1162-1227. Монголско царство)
Станува збор за еден од најголемите војсководачи на сите времиња. Неговото богатство се отсликувало во големината на територијата со која владеел. Под негова власт се наоѓал просторот од Кина до Европа, запаметен како најголемото царство кое што постоело некогаш. За себе не градел раскошни палати како другите владетели, а закопан е како обичен човек.
8. Бил Гејтс (1955. САД)
Тој е најбогатиот човек на светот и неговото богатство е проценето на 80 милијарди долари. Зад него се наоѓа Аманицио Ортега со 8 милијарди долари помалку.
7. Џон Д. Рокфелер (1839-1937. САД)
Се збогатил во нафтениот бизнис кога таа работа и не носела многу пари. Неговата компанија „Стандард Оил“, до 1880 година контролирала 90% од производството на нафта во САД. Во моментот по неговата смрт, бил проценето дека имал 1,5 милијарди долари, што било 2% од бруто домашниот производ на САД, а во денешно време таа цифра би изнесувала 341 милијарда долари.
6. Ендрју Карнеги (1835-1919. САД)
Се проценува дека Карнеги бил најбогатиот Американец на сите времиња. Тој бил имигрант од Шкотска, кој својата компанија „УС Стил“ му ја продал на Џ. П. Морган за 480 милиони долари. Тогаш, тој износ бил 2,1% од американскиот БДП. Денес би изнесувал приближно 372 милијарди долари.
5. Сталин (1878-1953. Советски Сојуз)
Во текот на 1950-тите, СССР имаше удел од 9,5% во светската економија, во денешна противвредност од 7,5 милијарда долари. Овие пари не биле во директна сопственост на Сталин, но тој ги контролирал.
4. Акбар Големиот (1542-1605. Могулско Царство, Индија)
Најголемиот владетел на династијата Могул во Индија, контролирал големо царство кое што претставувало четвртина од светскиот БДП.
3.  Цар Шенжонг (1048-1085. Кина)
За време на неговото владеење, Кина била најголема економска сила во светот. Богатството произлегувало од иновациите во технологијата што била стотици години пред своето време.
2. Август Цезар (63 п.н.е. – 14. Римско Царство)
За време на неговото владеење, Римското Царство имало удел од третина од светскиот БДП, а самиот Цезар знаел како да го зголеми богатството. Проценето е дека имал 4,6 милијарди долари, а Египет бил во негова сопственост.
1. Манса Муса (1280-1337. Мали)
Неговото богатство се чинело дека е бесконечно. Муса бил владетел на Тимбукту, кралство што се наоѓало во Западна Африка. Тој важи за најбогатата личност во светот, бидејќи бил најголем производител на злато, кое во тоа време имало најголема вредност.Во овој текст ви донесуваме нешто поинакво, односно листа на најбогати луѓе во историјата на човештвото.
9. Џингис Кан (1162-1227.

Пронајдете не на следниве мрежи: