Девојка намерно предизвикала пожар во фабрика во Берово

Дваесет и едногодишна девојка намерно предизвикала пожар во фабрика за чевли во Берово, при што во опасност бил доведен животот на вработените.Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Р. (21) од село Умлена, пехчевско, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
„Пријавената на 7 август, во временскиот период од 10 до 13 часот, се упатила во објектот на старата гимназија во Берово во кој е сместен погон за производство на чевли на фирмата АД „Баргала“ – Штип, незабележана влегла во подрумска просторија и со употреба на соодветен алат и запаливо средство предизвикала пожар кој започнал неконтролирано и стихијно да се шири“, соопшти МВР.
Притоа, велат од МВР, било предизвикана значителна опасност за животите на луѓето кои биле ангажирани за работа од страна на наведената фирма.Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Р. (21) од село Умлена, пехчевско, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
&bd

Пронајдете не на следниве мрежи: