Девојки, доколку ги имате ОВИЕ ОСОБИНИ ниеден маж нема да може да ви одолее!

Иако некои од жените не се сложуваат, мажите се едноставни суштества со кои нема многу филозофија, особено ако се спремни да ви го „поклонат“ срцето.Ако сакате да вратите со иста мера и да се покажете во најдоброто светло, дознајте на кои женски особини ниеден маж не може да одолее.1.Искреност
Вистинскиот маж ја почитува искрената жена. Во светот од лажни комплименти и љубомора, искреноста е вистинско освежување. За него не постои ништо подобро од жена која искрено ќе му одговори на прашањата.
2. Сочувствување
Мажите и жените потполно се различни и баш како што тие никогаш нема да сфатат како е да се биде во женска кожа, така ни ние не можеме да почувствуваме како е да се биде маж. Кога им е тешко и нешто ги мачи, на мажите многу им е важно да бидат ислушани од своите жени кои ќе се обидат да ги разберат.
3. Прифаќање
Сите ние имаме мани и доблести, така што никој не е совршен. Исто како и жените, така и мажите сакаат партнерка која ќе ги прифати какви што се. Од копање по минатото и обид за промена на веќе порасната и зрела личност, не излегува ништо добро.
4. Доверба
Ако тој докажал дека е личност од доверба, она што му значи на секој маж е да добие доверба од страна на својата девојка. Тоа му дава сила и сигурност.
5. Амбиција
Секој амбициозен маж ја сака истата особина и кај неговата избраница. Мажите ги доживуваат организираните и деловните жени многу привлечни.

6. Домаќински инстинкт
На вистинскиот маж не му треба домаќинка која не ја трга престилката од себе и секој ден готви и чисти, туку личност која во нивното љубовно гнездо ќе донесе топлина, интима и рамнотежа. Мажите го сакаат чувството на сигурност кое може да им го пружи само жената.
7. Поддршка
Иако се прават силни и самостојни, на мажите и тоа како им е потреба поддршка, односно личност која верува во нив. Ако жената на која и го дал срцето верува во него, тоа го прави подобар човек.
8. Приземна жена
Нема ништо поубаво од жена која се чувствува добро во своја кожа и на која не и се потребни материјални работи за да и се покаже љубов. Тоа му овозможува на мажот да го спушти својот штит, да се покаже во своето вистинско светло и да ви открие колку му значите, не со поклони туку со дела.
9. Девојка со свој став
Тој сака да имате свој став, а уште му е подраго кога цврсто стоите зад себе. На вистинскиот маж, оваа карактеристика му е мотивација да и самиот биде подобар.
10. Единствена
Мажите сакаат природни жени кои се претставуваат во вистинско светло. Тој ги обожава сите нејзини мани и доблести.1.Искреност
Вистинскиот маж ја почитува искрената жена. Во светот од лажни комплименти и љубомора, искреноста е вистинско

Пронајдете не на следниве мрежи: