Се повеќе се приближува летото, а вие се уште не знаете какви панталончиња да изберете за оваа сезона?
Стилистите препорачуваат вашиот избор да биде некој од овие шест модели на жешки панталончиња кои ќе ви ги претставиме подолу. Жешките панталончиња спаѓаат меѓу еден од најомилените делови од гардеробата на девојките во овој период од годината, и секоја има барем еден чифт во својот ормар.
Избледени
Со сигурност можеме да кажеме дека најпопуларни од сите жешки панталони се оние се од избледен џинс. Делуваат лежерно и поради „износениот“ изглед делуваат многу шармантно.
Со принт
Денес има толку многу принтови, што не би поверувале колку гоелем избор има на пазарот. Ваше е да одредите каков принт најмногу ви се допаѓа и одговара на вашата гардероба.
Со нитни
Најпознати жешки панталони за ова лето се оние со нитни и дрикери. Металните додатоци на панаталончињата им даваат рокерски или бунтовнички изглед.
Во боја
Широкиот спектар на бои ви овозможува да имате неколку чифта од вашите омилени бои кои можете да ги носите како преку ден, така и во некоја вечерна комбинација.
Искинати
Интересно, младешки и необично делуваат искинатите жешки панталончиња од џинс. Идеални се за на плажа, бидејќи извонредно го истакнуваат потемнетиот тен.
Со крпеници
Крпениците од чипка, траки, везени дизајни или пак по ваша идеа, на вашите панаталончиња ќе им дадат нов изглед, а мораме да признаеме и дека изгледаат феноменално.
Па девојки, нема потреба да се мисите. Набавете си неколку чифта од жешките панталончиња и ќе бидете вистински подготвени за летото!Се повеќе се приближува летото, а вие се уште не знаете какви панталончиња да изберете за оваа сезона?
Пронајдете не на следниве мрежи: