Државната изборна комисија на денешната седница со седум гласа „за“ и два гласа „против“ го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка.- Од вкупно 87.352 прашалници доставени до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за спроведување на теренските проверки, до ДИК вратени се 87.074 прашалници. Недостасуваат вкупно 282 прашалници, наведуваат во денешното соопштение од ДИК.
Оттаму посочуваат дека се пронајдени четири дупли прашалници во подрачното одделение на ДИК во Центар. Во соопштението е наведено дека недостигаат дел од прашалниците во подрачните одделенија во Карпош, Чаир, Гази Баба, Велес, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски на седницата предложи анкетарите и контролорите од подрачните единици да поднесат извештаи во кои ќе ги изнесат причините поради кои ги нема прашалниците и ќе ги наведат имињата на лицата на кои се однесуваат тие анкетни листови.
Според Чичаковски, не треба да се прави драма, бидејќи методологијата за прочистување на Избирачкиот список нуди решение и за ваква ситуација.- Од вкупно 87.352 прашалници доставени до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за спроведување на теренските проверки, до ДИК вратени се 87.0