ДИК го утврди бројот на гласачи, избирачкиот список во споредба со 2014-та година помал за 9392 гласачи

1.770.736 граѓани ќе имаат право на глас на изборите на 11 декември, покажува последниот пресек на избирачкиот список кој Државната изборна комисија го направила на крајот на август по отстранувањето на околу 30.000 спорни гласачи.По активната регистрација и темелното пречистување , на изборите во декември ќе гласаат 9.392 гласачи помалку во споредба со парламентарните избори одржани во 2014 година кога избирачкиот список броел 1.780.128 избирачи.
Анализата по изборни единици вели дека најголемо намалување на бројот на гласачи има во првата и втората изборна единица. Скоро 8.000 гласачи бројат изборните единици кои опфаќаат избирачки места во главниот град, Куманово и околните места. Намалувањето е главно поради отстранување на спорните гласачи во избирачки места во кои живеат етнички Албанци, пред се во Чаир, Сарај и Куманово како и поради смрт на гласачите во избирачките места во кои доминираат Македонци и каде има негативен природен прираст, како во Центар и Карпош. Иако најголем дел од спорните гласачи беа во шестата изборна единица, таму  поради огромниот природен прираст и големиот број на граѓани кои станале полнолетни, избирачкиот список е пократок за само 1238 гласачи.
Најмало намалување има во четвртата изборна единица каде во споредба со 2014 година, сега ќе гласаат само 263 избирачи помалку. Интересно е што петтата изборна единица е единствената во Македонија каде бројот на гласачи се зголемил во однос на изборите во 2014 година и сега, таму избирачкиот список ќе брои 1585 гласачи повеќе.
Опозициската СДСМ во последната година тврдеше дека во избирачкиот список има половина милион фантомски гласачи, односно луѓе кои се фиктивно запишани и кои не постојат. Последната анализа покажува дека наместо половина милион овој избирачки список брои 9.392 избирачи помалку. Што се случи со фантомите коментар побаравме од опозициската партија.
Иако овие бројки, Државната изборна комисија ги доставила до сите политички партии на 30 август, денеска од СДСМ велат дека имаме неточни податоци
Избирачкиот список се уште не е затворен. До гласањето има уште повеќе од 3 месеци, а по јавниот увид по распишувањето на изборите бројот на граѓани кои ќе имаат право на глас се очекува да порасне бидејќи тогаш повторно ќе им се даде можност на оние околу 30.000 граѓани кои не стигнаа да се пријават во времето кога течеше активната регистрација, а ќе има корекции и поради бројот на починати лица како и оние кои станале полонолетни.
Прилогот на Сител погледнете го во продолжениеПо активната регистрација и темелното пречистување , на изборите во декември ќе гласаат 9.392 гласачи помалку во споредба со парламентарните избори

Пронајдете не на следниве мрежи: