Димитриев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Владата, Емил Димитриев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.– Годинешната прослава е единаесеттата прослава на националниот празник на Ромите во Република Македонија, што јасно говори за континуитетот и почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница. Тоа јасно се изразува преку одбележувањето на овој празник, но и преку редица на други мерки и владини проекти во многу области кои се од значење за подигнување на квалитетот на животот во ромските средини, се вели во честитката.
Годината која е зад нас, се наведува во честитката, претставува година во која продолжи владината посветеност во делот на образованието, културата, поддршката на ромските невладини организации и центри за медијација, поддршката за вработување и почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за Ромите.
– Убеден сум дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина како неизоставен дел од грижата на Република Македонија и како продолжение на концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам убави празнични денови, многу радост и песна во Вашите домови, многу здравје и љубов во Вашите семејства и уште долги години да го прославуваме 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, стои во честитката.– Годинешната прослава е единаесеттата прослава на националниот празник на Ромите во Република Македонија, што јасно говори за континуитетот

Пронајдете не на следниве мрежи: