Димовски: СДСМ не ги исполни обврските од договорот од Пржино

Уште од самиот почеток на кризата, ВМРО-ДПМНЕ учествува конструктивно и се обидува да даде целосен придонес во нејзино надминување. Затоа го потпишавме договорот од Пржино и работевме на негова имплементација, истакна денес Илија Димовски од владејачката партија.– Затоа беше формирана државна изборна комисија која ќе ја има довербата од четирите најголеми политички партии. Беше формирана техничка влада за спроведување на изборите во која што СДСМ доби двајца министри и тројца заменици министри. Премиерот Никола Груевски си даде оставка на 100 дена пред изборите закажани за 24 април и беше формирано специјално јавно обвинителство. Затоа беше донесен и Изборен закон кој беше едногласно усвоен од страна на Собранието на Република Македонија. Сите овие отстапки од ВМРО ДПМНЕ беа доведени во прашање од Зоран Заев и СДСМ со нивното условување да се одложат изборите закажани за 24 април. ВМРО ДПМНЕ и тогаш беше конструктивна затоа што иднината на нашата земја ни беше приоритет. Прифативме предвремените парламентарни избори да се одложат за 5 јуни, иако бевме свесни дека нема ниту една рационална и логична причина за тоа. Единствената причина беше што Зоран Заев знаеше дека ја нема поддршката од граѓаните и дека неговата деструктивна политика ќе биде поразена. И денес го знае тоа, истакна Димовски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Димовски рече дека стратегијата на СДСМ не е да заврши кризата, туку истата да се продлабочи.
– Две обврски кои ги имаше СДСМ беа да ги предадат материјалите на институциите што очигледно гледаме дека не се случува заради тоа што до ден денес гледаме дека по пазари во соседството се продаваат снимки од нашите колеги за жал. Втората обврска беше да се појават на избори и таа не сакаа да ја испочитуваат, рече тој.
Димовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане конструктивно кога е во прашање иднината на Република Македонија.– Затоа беше формирана државна изборна комисија која ќе ја има довербата од четирите најголеми политички партии. Беше формирана техничка влад

Пронајдете не на следниве мрежи: