Дневен хороскоп 04.11.2013

Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?Овен Рамнотежата кај вас доаѓа од природата на знакот, па затоа важите за најголеми балансери кога е потребно тоа. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да им се препуштите на моментите, колку и да изгледа тоа чудно за вас. Бик Отежнатата комуникација ќе биде главен проблем со кој ќе се соочите во периодов. Причината за тоа ќе бидат острите критики што претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кусо време ќе успеете да ги вратите старите позиции. Близнаци Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот потенцијал. Можеби малку избрзувате со останатите соработници, па затоа наместо да се лутите, изберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Рак Плановите што е потребно да ги реализирате ќе мора да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се приспособите на новонастанатата ситуација. Можеби мислите дека некој намерно ви стои на патот, меѓутоа станува збор за мали проблеми со кои ќе се соочите и за кои постои соодветно решение. Лав Сакате околината да мисли дека се' држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистина. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават тешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете позитивната опција.
Девица Избегнувајте да се надевате премногу кога немате основа за тоа. Не обвинувајте ги другите за личниот неуспех, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата во сопствениот потенцијал. Мора да научите дека за секоја постапка, добро или лошо изведена, одговорноста оди исклучиво на ваша сметка.

Вага Одеднаш се чувствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината што се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чувствувате кон партнерот. Најдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение. Скорпија Сакате кога се чувствувате цврсто на земја и кога знаете дека ситуацијата ја имате под контрола. Особено кога станува збор за љубовта и односот со партнерот. Но, моментно сте изненадени од несигурноста што произлегува од вас поради извонредната комуникација што не е својствена за вас. 

 
Стрелец Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг се фокусирани кон нешто друго. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа на карактерот што ја поседувате. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак, уживате во забавата.  Јарец Имате чувство дека сте стигнале со нештата до самиот крај. Можеби претерувате со вашата песимистичка природа, бидејќи не можат постојано да се случуваат убави нешта. Некои работи едноставно мора да ги прифатите и да се обидете да продолжите натаму. Колку и да се чини невозможно, среќата им се насмевнува на најхрабрите. Водолија Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта. Риби Истражувачката природа во овој период ќе дојде до израз. Колку и да ви се чини невозможно, ќе успеете да ја откриете вистината за една работа што постојано ве измачува. Она што треба да се дознае ќе дојде во моментот кога најмалку ќе го очекувате тоа, но добрата анализа само ќе ви помогне да дојдете побргу до целта.
 Овен Рамнотежата кај вас доаѓа од природата на знакот, па затоа важите за најголеми балансери кога е потребно тоа. Премногу

Пронајдете не на следниве мрежи: