Дневен хороскоп за 12.03.2015Овен
Можни се привремени здравствени проблеми кои ќе влијаат врз вашето целокупно расположение. Некои влијателни луѓе ќе се обидат да ве спречат во извршувањето на вашите задачи и замислени цели. Избегнувајте консумирање на месо и алкохолни пијалаци, препорачливо е да ги вметнете житариците во вашата исхрана.
Бик
Денеска ќе имате зголемени шанси за остварување на вашите долгорочни цели, и реализација на некој план кој одамна ви е во мислите. Не започнувајте работи кои имаат поголемо значење за вас, не е вистинскиот момент за тоа. Препорачливо е повеќе да штедите.
Близнаци
Денес ќе бидете особено напнати како на приватен така и на деловен план. Подгответе се за нови предизвици кои ќе ве одведат до врвот. Бидете внимателни, и одложете ги важните одлуки за некое подобро време.
Рак
И кај раковите тензијата ќе биде зголемена, а тоа секако лошо ќе влијае на средината и луѓеко кои ве опкружуваат. Некој успешно реализиран проект на член од вашето семејство, ќе биде повод да прославите. Внимавајте со исхраната и настинките, тие ќе придонесат многу за вашето расположение.
Лав
Денес особено ќе биде изразен вашиот стремеж да се остварите на деловен план, но не летајте превисоко, пазете се од противничките удари. Имајте трпение и одржувајте рамнотежа со околината. Можеби нема веднаш, но секако ќе ги остварите вашите цели. Пазете се од конфликти и не дозволувајте никој негативно да влијае на вашето расположение.
Девица
Ќе бидете особено нервозни и постојано ќе барате начини да ги надминете пречките кои никнуваат од сите страни. Најпрво, стабилизирајте се, и насочете го вашето мислење во една насока. Некоја ваша финансиска придобивка , или на член од семејството, ќе ги забрза заедничките планирања и активности.
Вага
Нема сомнение дека претставниците на Вага се премногу активни околу остварување на плановите, како и тоа дека не им недостасува среќа. Не започнувајте сериозна работа и не донесувајте конечни одлуки овој ден, не е поволен за тоа. Пожелно е денес да се посветите на посната храна, избегнувајте месо и алкохол.
Скорпија
Имајте разбирање за проблемите на вашиот партер, тоа ќе ја зајакне вашата врска и ќе внесе малку топлина. Некои од вас ќе размислуваат за купување на недвижен имот или пак некои други работи кои ќе го разубават домот. Како и да е, не донесувајте важни одлуки, оставете го тоа за подобро време.
Стрелец
Стрелците ќе покажат решеност за остварување на своите цели. Вашата љубовна врска бара од вас да бидете малку повеќе трпелливи, интересни и расположени. Монотонијата може да уништи се. Не преоптоварувајте се и пазете се од настинки.
Јарец
Многумина од овој знак денес ќе бидат нерешителни и во секунда ќе ја менуваат својата одлука. Стабилизирајте се и ќе успеете. Бидете разумни и откажете ги новите потфати, за да ги избегнете разочарувањата. Погрижете се за вашето здравје.
Водолија
Денес ќе имате среќа, но не се потпирајте на само на неа, туку сконцентрирајте се на вашите дела, веројатноста да успеете силно опаѓа. Многумина од вас ќе изгубат драгоцено време само за да се покажат пред своите ривали. Овој ден е поволен за финансиска добивка. Натерајте го партнерот да зборува повеќе за себе и ислушајте го, можеби му е потребен ваш совет.
Риби
Овој ден е поволен за Рибите, се што ќе преземете денес може да се каже дека ќе ви оди од рака. Упорноста се исплати но сепак денес не почнувајте со некои позначајни потфати. Грижете се за вашето здравје, времето ги провоцира настинките.Овен
Можни се привремени здравствени проблеми кои ќе влијаат врз вашето целокупно расположение. Некои влијателни луѓе ќе с