Дневно доаѓаме во контакт со 15 пениси

Светската здравствена организација направи бум во Велика Британија преку постери во јавните тоалети со кои се надева дека ќе се крене свеста не само кај луѓето на островот, туку и во целиот свет.
 
Имено, станува збор за интересни постери преку кои се пренесува порака за важноста на личната хигиена, односно на миењето на раце пред се.
 
Луѓето ширум светот не посветуваат внимание на важноста на миењето раце и покрај сите зарази, вируси, бактерии и болести кои можат да се „закачат“ преку оваа лоша (не)навика. Затоа, беа преземени драстични мерки за кревање на свеста. Во огромен број на вратите на јавни тоалети во Велика Британија се појави пораката која треба да ги мотивира луѓето да се фатат за сапунот.
 
Таа гласи вака:
 
„Смирете се и мијте ги рацете. Дневно, вашите раце доаѓаат во контакт со 15 различни пениси – преку допирање на врати, спортски реквизити, кваки и слично. Затоа, мијте ги рацете по употребата на тоалетот“.
 
Светската здравствена организација, која е главниот „виновник“ за овие постери, се надева дека истите ќе се рашират низ целата планета. Се надеваме дека еден ден ќе осамнат и Македонија.
 
Извор: libertas.mk
 Светската здравствена организација направи бум во Велик

Пронајдете не на следниве мрежи: