До идна професија со посета на индустриските капацитети во Кисела Вода

Деветоодделенците од основните училишта во општина Кисела Вода и оваа година ги посетија индустриските капацитети кои се лоцирани на ова територија.Во обид да се види како тече техничко-технолошкиот процес, да се увиди потребата од стручен кадар што им е неопходен на компаниите, Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода ги организираше овие посети на основците кои деновиве треба да ја направат одлуката за избор на средно училиште. Тимот од искусни инженери во “Цементарница Усје” на деветоодделенците од  OOУ “Партенија Зографски” им го претставија производствениот процес. Со нив, учениците имаа можност да поразговараат за сите прашања што ги интересираат, а кои можат да им помогнат во изборот на идната професија. Каков кадар е потребен за производната технологија? Што значи да се работи во една хемиска лабораторија? Како се контролира целокупниот процес на производство на цементот? Посетата беше финализирана со кус филм кој детално им ги прикажа процесите во погоните на фабриката и надвор од неа, кои имаат за цел да донесат готов производ на пазарот. Производството на мебел, од близу имаа можност да го видат учениците од OOУ “Кирил Пејчиновиќ” и ООУ “Круме Кепески“. Во домашната компанија за производство на мебел “Дизајн фантазија“, со архитектите разговараа за проектирањето и опремувањето на просторот, за материјалите кои се користат за изработка на мебелот, за процесот на негова изработка, а потоа се прошетаа и низ изложбениот салон, каде ги видоа и готови продуктите на кои се работеше во погонот. Меѓу материјалите со модерни дезени, разнобојните конци, ножици, машини за шиење, скици и цртежи на различни фустани, костими, блузи, се развива приказната на текстилната фабрика “Bella”, која ја посетија учениците од од ООУ “Невена Георгиева –Дуња”. Развивањето на личниот стил на клиентите преку производствениот процес што се одвива во овој објект, подразбира вклученост на повеќе професионални профили. Учениците се интересираа за тоа што значи да се биде дел од креативната индустрија, а воедно ја искористија можноста и да ѕирнат во новата колекција и да направат свои фотографии онаму каде што се прават модните каталози на оваа компанија. Да се создаде нов вкус, да се употреби науката во неговото креирање, да се види готовиот производ на полиците низ маркетите и да се почувствува задоволството кога ќе се види како го купуваат потрошувачите- технологот од “Макомаркет” со голема страст ја раскажа својата приказна за тоа како го реализирал својот сон -денес да го работи она што го сака. За неговата животна приказна посебно се заинтересираа учениците од ООУ “Кузман Шапкарев” кои размислуваат да се запишат во хемиското училиште или на другите технички насоки. Шетајќи ги низ објектот на “Макомаркет”, тој, заедно со својата колешка им објасни дека е потребно многу талент, труд и посветеност за да се заврши технички факултет, но дека тие професии се многу интересни и го исполнуваат човекот на едно многу поинакво ниво. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да реализира вакви проекти со цел, да им овозможи на деветоодделенците можност, правилно да ја трасираат својата професионална патека.Во обид да се види како тече техничко-технолошкиот процес, да се увиди потребата од стручен кадар што им е неопходен на компаниите, Секторот за лок

Пронајдете не на следниве мрежи: