Живееме во свет на големи противречности, на сјај и беда,луксуз и сиромаштија. Еден дел од луѓето околу нас немаат ни за да го минат денот,да купат храна за своите деца,другиот дел живее во раскошни вили, вози луксузни автомобили и носи брендирана облека.
Да токму таква е нашата реалност денес, повеќе од сурова за жал. Луѓето од високите општествени слоеви немаат очи и слух за оние лица кои имаат потреба, пред се да преживеат, да го поминат денот со топол оброк, заслепени од сјајот и златото на нивните скапоцени предмети, до нив не допира човечноста и хуманоста.
Да бидеш хуман и човечен, треба само да знаеш да помогнеш и да ја подадеш раката на оние на кои им е најпотребна помош, да нахраниш некое гладно дете,а не да се појавиш на некој гламурозен т.н хуманитарен настан во скапо одело, само за да те видат луѓето и медиумите за да кажат пред јавноста колку добар и племенит човек си ти. Во секоја прилика во животот, треба да се обидете да помогнете на оние кои се беспомошни и сиромашни луѓе, во рамките на вашите можности, тоа лично вас ке ве направи подобар човек,а општеството ке станува се поубаво место за живот. Живееме во свет на големи противречности, на сјај и беда,луксуз и сиромаштија. Еден дел од луѓето околу нас нема