Добротворен меѓународен базар 2016

Во Градскиот трговски центар денеска /04.06.2016 година, сабота/ по шести пат се одржа традиционалниот „Добротворниот меѓународен базар“.На овој базар, како и минатите години, на повеќе од 20 штандови, дипломатските претставништва во Република Македонија и други меѓународни организации промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји.
Почесен претседател на „Добротворниот меѓународен базар 2016“ е Н.Е. Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Република Македонија, додека главен покровител и оваа година е Град Скопје.
На отворањето на „Добротворниот меѓународен базар 2016“ се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој го поздрави организирањето на оваа манифестација, која се одржува во Скопје по шести пат.
– Оваа манифестација се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, каде и оваа година „Добредојде Македонија велком центар“ го организираат овој меѓународен базар каде сите собрани средства се наменети за хуманитарни цели. Собраните средства од овогодинешниот базар ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари. Овој базар покрај хуманитарната димензија, претставува одлична можност на жителите на Скопје одблиску да се запознаат со дел од културата на овие земји – кажа градоначалникот Трајановски.
Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златан Сремец“,Скопje. Во 2013 година парите беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје, додека во 2012 година беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“Скопје.
На овогодинешниот базар на штандови презентираа производи од нивната држава амбасадите од Албанија, Бугарија, Велика Британија, Италија, Иран, Србија, САД, Кина, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија, Холандија и Катар, а се вклучија и ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), делегацијата на УНИЦЕФ, Скопје и делегацијата на Европската унија.
„Добротворниот меѓународен базар“се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, кој е прогласен за посебен ден на децата од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија.На овој базар, како и минатите години, на повеќе од 20 штандови, дипломатските претставништва во Република Македонија и други меѓународни

Пронајдете не на следниве мрежи: