Доцна се разбудивме: Македонија поразена од Литванија 67-75

Македонската кошаркарска репрезентација загуби и на вториот натпревар од Европското Првенство во Словенија, овој пат од селекцијата на Литванија.Се разигравме во завршницата од мечот, но Литванија не се добива со седум-минутна игра, таа се добива со константна игра која може да парира на силна селекција како што е селекцијата на Литванија.
Првата четвртина ја загубивме со резултат 20-15, втората бевме подобри, па загубивме со само еден кош разлика, односно во резултат 19-18, па на полувремето се замина со шест коша предност за Литванците, односно со резултат 39-33.
Во второто полувреме од мечот, дојде до подобра игра на нашите репрезентативци, третата четвртина и припадна на селекцијата на Литванија со само еден кош предност, односно 18-17. Последната, со идентичен резултат од третата, но со мошне подобрена игра од претходните четвртини.
Во нашата селекција најефикасен беше Илиевски со постигнати 12 коша, додека пак кај противничкиот табор Калниетис блескаше на паркетот со уфрлени 17 коша за својот национален тим.
Следниот натпревар нашата селекција го игра против селекцијата на Србија утре со почеток од 21 часот.
Фото: архиваСе разигравме во завршницата од мечот, но Литванија не се добива со седум-минутна игра, таа се добива со константна иг

Пронајдете не на следниве мрежи: