Доколку барате сродна душа денес е денот!

Денес е денот да ја пронајдете вашата сродна душа. Имено од 19.09 часот до 20.08 часот денеска трае 17 лунарен ден „ѕвоно“, ден кој поволно влијае на чувството на радост и љубов.
Ќе ви пружи спојување со саканата личност- и во емотивна и во еротска смисла. Пружањето љубов, уживањето во сензуалноста, интимната блискост, соединувањето и на душата и на телото, поволно делува на здравјето и духовното воздигнување.
Овој ден поволно влијае на партнерските, посебно брачните односи. Помага да дојде до нивно подобрување, до поголемо чувство на заедништво. Поволно делува, посебно на жените, ја поттикнува нивната сензуалност, убавина, љубов и соединување со партнерот. Месечината во 23 часот ќе влезе во Вага, знакот на партнерство. Најповолно време за сакање и уживање во радостите на животот е во ноќните часови на 25 февруари од 17 до 21 часот, кога Месечината е во тригонот со Венера во Водолија. Посебно од 17 до 20 часот додека трае лунарниот ден.
Тоа е идеално време за љубов и радост на давање и добивање. Чувството на сакање може да ни донесе чувство на радост и исполнетост. Поминете го со оној кој го сакате. Љубовните средби ќе личат на најубави љубовни филмови. Желбите за угодување и ускладување ќе бидат повеќе. Ако овој лунарен ден не почувствувате радост на живеењето, тоа значи дека нешто не иде добро во вашиот живот и дека треба да внесете промени, да се промените себеси, да работите на себе, како би го привлекле она што го сакате за да идниот лунарен циклус бидете порадосни.Имено од 19.09 часот до 20.08 часот денеска трае 17 лунарен ден „ѕвоно“, ден кој поволно влијае на чувството на радост и љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи: