Доколку имате поставено ОГЛЕДАЛА на ОВИЕ МЕСТА, ВЕДНАШ ТРГНЕТЕ ГИ!

Огледалата го прикажуваат одразот на сè она што се наоѓа во нивната непосредна близина. Па затоа тие се важен елемент кој се користи при фенг шуи. Кога избирате огледало треба да земете предвид неколку фактори. Прво, треба да го утврдите местото на кое ќе го поставите, и второ, функцијата која треба да ја има.Kаде е забрането да се поставува огледало?
Огледалата го зголемуваат тоа што го прикажуваат, така што ако создаваат одраз на нешто што е неповолно за добар фенг шуи, тогаш тоа уште повеќе ќе го потенцира. Всушност постојат повеќе забрани кога станува збор за огледалата.
Никогаш не смеат да бидат сместени така што ќе создаваат директен одраз на влезната врата, бидејќи така ја испраќаат надвор сета позитивна енергија која сака да влезе во вашиот дом.
Не смеете да ги поставувате така што ќе создаваат одраз на вецето, бањата или кујната.

Не смеат да прикажуваат канти за ѓубре, неред или нечистотија во која било смисла.

Во спалната соба, тие создаваат кавги и недоразбирање меѓу сопружниците и поттикнуваат на вонбрачни излети. Без разлика дали се на таванот, на ѕидот или на плакарот покрај креветот, тие создаваат одраз на луѓето кои таму спијат. Симболички тоа изгледа како луѓето да се мртви, па така настанува штетна енергија која произведува болести, а ако веќе постои болест и ако се поклопи со уште некој негативен фенг шуи фактор, може опасно да го загрози животот. Ако не можете да ги отстраните, покривајте ги со непроѕирна ткаенина пред спиење.

Кога станува збор за изборот на положбата мора да знаете дека огледалото е воден елемент и според тоа никогаш не смее да се најде на јужната страна во домот.
Сето ова звучи малку страшно, но ако се придржувате до фенг шуи правилата, огледалата всушност може да ви донесат среќа и напредок.

Каде е поволно да се постави огледало?
Огледалото поставено во трпезаријата (не во кујната), така што создава одраз од храната која е поставена на трпезариската маса и семејството кое овде се обединува за оброците, ќе ви донесе благосостојба и хармонични семејни односи.

Можеби сте забележале во многу продавници дека огледалата се поставуваат така што создаваат одраз од местото за наплата. Огледалото симболички ја удвојува количината на пари кои влегуваат во касата и со тоа носи позитивна енергија која привлекува поголемо богатство.
Доколку поставите големо огледало во мала просторија, тоа ќе ја направи да изгледа поголема одошто е.

Огледалото може да надомести за недостатокот на агол во просторија со неправилен облик. Потребно е да се постави на оној ѕид кој го нарушува правилниот облик и симболички, тоа ќе го продолжи просторот во оној правец каде што е тоа потребно.
Во ходниците кои имаат таков облик што енергијата интензивно и брзо тече директно само во една просторија, занемарувајќи ги останатите, огледалото може да послужи за да се смени насоката на енергијата и кон другите делови од домот.
Каде да се постави огледало за да се одбие негативната енергија?
Во случај кога некоја негативност од вашата околина ја погодува директно вашата влезна врата, таа енергија може да ја одбиете поставувајќи огледало надвор од домот, директно на или над влезната врата.

Ова вака делува едноставно и ефикасно, но доколку отспротива имате соседи, таа одбиена енергија со голема брзина и со засилен интензитет ќе се упати кај нив, што носи несреќа, болести и загуба. Ако не сте во најдобри односи со соседите, ова можеби ќе ви изгледа како добра идеја, но имајте на ум дека ако правите некому зло, си правите зло и на самите себеси.
Затоа овој вид контролирање на енергијата воопшто не се препорачува.Kаде е забрането да се поставува огледало?
Огледалата го зголемуваат тоа што го прикажуваат, така што ако создаваат одраз

Пронајдете не на следниве мрежи: