Доктори му ја ампутираа ногата на ова дете: По 4 дена НЕ МОЖЕА да ги запрат солзите!

Дима Павленко (9), имаше сѐ што едно среќно дете може да посака: удобен дом, родителни полни љубов, прекрасна баба и слатка сестричка. Но, мирниот живот на ова среќно семејство беше растурен за еден миг.Изби војна во местото кадешто живееле во Украина. Неговото семејство се пресели во куќата на неговата баба – подрумот бил поголем и поудобен за криење од бомби. Дури и излегувањето во двор било опасно.
„Забележав дека мојот син нагло порасна. До вчера играше игри на компјутер, но кога почна војната стана сериозен и одговорен. Не ја напушташе помалата сестричка. Кога излегувавме надвор, тој инсистираше да оди прв за да погледне дали сѐ е безбедно“ – изјави таткото на Дима.
Еден ден, никој не можеше да предвиди трагедија. Сѐ било мирно надвор – никакви звуци од борба и војна. Децата, Дима и Лера, конечно можеле да излезат во дворот. Вдишувале свеж воздух, а нивните насмеани лица сјаеле од среќа. Малата Лера одеднаш се пресекла кога го слушнала братот како вика: „Пази!“
Дима видел како паѓа бомба. Ја турнал сестрата на земја и ја покрил со телото, целосно ризикувајќи го својот живот. Голема експлозија се случи по една секунда подоцна.
Таткото истрчал надвор. Можел да ги слушне криците на својот син.

„Трчав кон него и видов… неговата нога скоро беше откината. Висеше од неговото тело и буквално се држеше за нишки“ – изјавил таткото.
Помеѓу болните крици, Дима прашал: „Дали е жива? Дали дише? Дали ѝ е добро?“
Додека крварел, Дима постојано прашувал за сестричката. И благодарение на него, нејзиниот живот бил спасен.
Вујко му истрчал во дворот и ја „преврзал“ ногата на Дима со првата работа која му се нашла при рака. Семејството некако успеало да дојде до болница и покрај бомбашкиот напад. Дима изгубил многу крв и станувал сѐ поблед. Набрзо изгубил свест.
Четворица доктори очајно се обидувале да му го спасат животот.
Тие им објасниле на родителите дека ако се обидат да ја спасат неговата нога, постои голема можност дека инфекцијата ќе се прошири на остатокот од телото. Ампутацијата била единствена опција.
Кога детенцето конечно се разбудило, на неговите родители им било дозволено да влезат во неговата соба. Таткото нервозно се обидувал да го подготви своето дете за несреќната вест дека останал без нога.
„Тато, јас сум возрасен“, рекол Дима. „Разбирам. Кога ќе си одиме дома?“
Неговиот татко се обидувал да ги сокрие солзите. Семејството Павленко повеќе немаше дом во кој можеше да се врати. Беше разурнат со бомба.
Но, веста за овој мал херој не помина незабележано. Луѓето почнале да донираат пари за него и за неговата протеза. За само 3 дена биле собрани доволни средства.
Луѓето ја преплавиле неговата болничка соба со подароци и играчки. Она што е најубаво – семејството Павленко доби нова куќа!
За Дима беше направена посебна протеза за ногата. Сега овој мал херој учи повторно да оди на рехабилитација. Докторите велат дека Дима наскоро ќе може повторно да трча и да се врати во нормала.
Изби војна во местото кадешто живееле во Украина. Неговото семејство се пресели во куќата на неговата баба – подрумот бил поголем и поудобен

Пронајдете не на следниве мрежи: