ДОКТОРИТЕ ВО ШОК: Се изненадиле кога ги погледнале снимките од нозете на нивната пациентка!

На 65- годишната жена од Јужна Кореа и бил дијагностициран остеоартритис, состојба на деградација на коскеното ткиво и коските, што предизвикува болки и вкочанетост. Кога престанале да и делуваа силните лековите против болка кои пак и ги уништиле желудникот, таа отишла на акупунктура.Акупунктурата како алтернативна медицинска пракса вклучува користење на игли со кои се стимулира одредени точки од телото, за да се намали болката и за лекување на одредени болести.
При третманот со акупунктура, кај оваа жена биле користени игли веројатно направени од злато, чии минијатурни врвови и останувале во коленото, стои во извештајот во медициснкиот журнал во кој за случајот пишуваа нејзините лекари.
Секако, оставањето на игли, или било какви ообјекти во телото не е добра идеа, вели д-р Али Гермази, професор по радиологија на Универзитетот во Бостон, додавајќи дека тие може да предизвикаат воспаление, инфекција и гнојни чиреви.
Исто така тужите тела му отежнуваат и на докторот при читањето на ренген снимките, а некои од иглите создаваат нејасна слика за анатомијата, вели тој.
– Човечкото тело сака да се ослободи од туѓите објекти. Почнува со својот механизам за одбрана, на пример воспалување или формирање цистично ткиво околу објектот – вели доктор Гермази.
Иглите оставени во телото може да предизвикаат и други работи, односно пациентот не може да оди на снимање со магнетна резонанца бидејќи магнетите може да ги предизвикаат иглите да се движат и може да ги уништат артериите.
Има многу малку докази во корист на тезата дека акупунктурата делува навистина. Практиката со стерилни тенки златни иглички да се лекува артритис е најраспространета во азиските земји кои најмногу му веруваат на овој третман.
Во САД се проценува дека околу 3,1 милиони возрасни и 150.000 деца биле лекувани со акупунктура во 2007 година, според податоците добиени од анктета на американскиот институт за алтернативна медицина.Акупунктурата како алтернативна медицинска пракса вклучува користење на игли со кои се стимулира одредени точки од телото, за да се намали болката

Пронајдете не на следниве мрежи: