Вонземјаните ја посетуваат нашата планета, а владите на најмоќните држави најмалку седум децении ја кријат вистината. Тоа е тврдење во кое веруваат повеќето уфолози.Меѓутоа, единствено документите на американската влада, попознати како „Маџестик 12“, тоа и го докажуваат. Секако, под услов да се автентични, а не само еден во низата фалсификати.
А уфолозите и скептиците веќе цели 28 години расправаат за тоа дали тоа се навистина доверливи документи кои му се наменети на претседателот на САД, или обична измама со која одредени „истражувачи“ се обиделе да ја зголемат продажбата на своите книги и филмови за вонземјаните.
Откривање на документите
– Познатите уфолози Вилијам Мур и Стентон Фридман, заедно со телевизискиот продуцент Џејми Шендер, во 1987 година излегоа со тврдење дека поседуваат документ од осум страни, кој бил означен како доверлив. Поднасловот на документот со назнаката „строго доверливо“, гласел: „Информативен документ: операција Маџестик 12.“, а датумот на дното бил 18 ноември 1952 година. „Маџестик 12“ или едноставно „МЈ-12“, наводно содржел докази за владина програма која ја започнал претседателот Хари Труман и која ја воделе 12 офицери, научници и разузнавачи. Целта било испитувањето на остатоците од вонземјанско летало што се урнало крај Розвел во ново Мексико. Властите наводно пронашле тела на четири вонземјани кои успеале да избегаат од леталото пред неговиот удар во земјата – пишува Лери Швајкарт во книгата „Теорија на заговор во американската историја“.
Аутопсии и „Знак“
Како што навеле Мур и Фридман, труповите на посетителите од вселената биле во состојба на распаѓање, но остатоците можеле да се соберат за понатамошна анализа во лабораториите.
Групата Маџестик 12, тогаш смисли приказна дека во Розвел биле откриени само остатоци од метеоролошки балон. Натписите на деловите од леталото било невозможно да се дешифрираат, што довело до тоа авијацијата да го покрене проектот „Знак“, за да се утврди целта и мисијата на леталото. Документите спомнуваат и пад на летало кај Ел Индија во Тексас, на 6 декември 1950 година.
Проблеми и потпис
Меѓутоа, неколку скептици истакнале дека постојат проблеми со документите.
Филип Клас открил неколку детали кои едноставно не се совпаѓаат со начинот на датирање. Тој изнел и тврдење дека стилот на буквите не се совпаѓа ниту со една машина за чукање од 1952 година, но се совпаѓа со машината „смит-корона“, направена во 1963 година. Тој дури нашол и еден потпис на Хари Труман, за кој верува дека послужил како шаблон за копирање на потписот на документите. Меѓутоа, документите делувале толку реалистично, што дури Министерството за одбрана и ФБИ зеле да ги проучуваат.
Многумина го обвинија Мур дека ги фалсификувал документите. Меѓутоа, Фридман продолжил и понатаму да тврди дека се автентични и покрај големата караница со него.
„Тој ми рече дека документите настанале во владините канцеларии, но единствено не е сигурен во тоа дали се оригинални или владата ги направила за да ги дискредитира. И покрај законот за право на пристап до информации, никој не најде ниту еден документ кој се однесува на постоењето на групата МЈ-12, или пак да алудира на на неа“ – пишува Швајкарт.
Меѓутоа, единствено документите на американската влада, попознати како „Маџестик 12“, тоа и го докажуваат. Секако, под