Според документите кои ги приложи Едвард Снуден, Велика Британија има тајна база на Блискиот исток за надзор и следење на електронски пошти, телефонски повици и веб сообраќај. Весникот „Индипендент“, повикувајќи се на документи добиени од поранешниот соработник на тајните американски служби, Едвард Сноуден, објави дека Велика Британија има тајна база на Блискиоот Исток.
Весникот наведува дека нема да ја открие државата во која е лоцирана базата, но нагласува дека поседува техника што и овозможува следење на информациите од подводните фибер-оптички кабли, кои минуваат низ регионот.
Податоците се обработуваат и предаваат на британскиот Центар за владини комуникации, по што се доставуваат и на Агенцијата за национална безбедност на САД.
Според британската Влада тоа е многу важен елемент за војната против тероризмот и обезбедува систем за рано предупредување за потенцијални напади низ целиот свет.Весникот „Индипендент“, повикувајќи се на документи добиени од поранешниот соработник на тајните американски служби, Едвард Сноуден, об