Доларизацијата на светскиот финансиски систем е на највисоко ниво досега, па сега сѐ зависи од одлуките на американските Федерални резерви (FED), покажува истражувањето на Банката за меѓународни израмнувања.Поради ниските каматни стапки на FED и програмата за купување на обврзници, пазарите во развој се преплавени со долари.
Азиските и латиноамериканските компании се задолжени во долари како никогаш досега, а со многу ниска каматна стапка. Но, јакнењето на доларот сега би можело да им создаде многу проблеми.
Во моментов, долгот надвор од јурисдикцијата на САД изнесува девет билиони долари, додека во 2000 година тој износ бил само два билиони. Од тоа, на Азија отпаѓаат 4,5 билиони, што е двојно повеќе во однос на долгот од почетокот на кризата.
Поради ваквата ситуација, светскиот финансиски систем ќе ја почувствува секоја промена во политиката на FED, а постои и опасност од создавање на должничка криза која би можела да настане со истиот механизам како што и во земјите од источна Европа настана слична криза поради кредитите поврзани со швајцарскиот франк.Поради ниските каматни стапки на FED и програмата за купување на обврзници, пазарите во развој се преплавени со долари.
Азиските и латиноам