Домашен сок од вишни – БЕЗ конзерванси

Домашен сок од вишни – БЕЗ конзервансиСостојки:
5 кг вишни
5 кг шеќер
50 гр лимонтус
3 л вода
1 до 2 ванилин шеќер (не е задолжително)
Подготовка:
1. Вишните измијте ги под млаз вода, одвојте ги од рачките и семките, ставете ги во поголем сад со шеќер и вода и лимонтус и оставете така да стојат 24 часа (може и подолго), на ладно и темно место, промешувајте повеќе пати за шеќерот убаво да се стопи. Пожелно е малку да изгмечите со рацете.
2. Испасирајте на цедалка со пошироки дупчиња или пуштете низ мапина за правење сок од домати (важно е да се одвои лушпата и да има малку крупни парчиња вишна), а може да се процеди и преку газа. Исцедениот сок, сируп, дегустирајте го, ставете малку во чаша и разредите со вода.
3. Се заедно ставете го на оган, но пред да почне да врие намалете ја температурата бидејќи пената знае нагло да се крене и да претече. Доволно е да крчка 3-5 минути. Се уште не е доцна да додадете уште нешто ако недостасува по ваш вкус.  Ако е тоа тоа, веднаш ставете во чисти шишиња заграни во рерна на 100 С. Капачињата пожолно е да ги премачкате со алкохол пред да ги затворите шишињата.
4. Ставете ги во корито или нешто слично, каде ќе можете убаво да ги завиткате во ќебе или повеќе ќебиња.
5. Се лади 2-3 дена и после тоа може да се употребува сокот, а може да стои 2 години без да се расипе.
Наздравје!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук.Состојки:
5 кг вишни
5 кг шеќер
50 гр лимонтус
3 л вода
1 до 2 ванилин шеќер (не е задолжи

Пронајдете не на следниве мрежи: