Домашни производи кои ќе ви помогнат околу елиминирањето на акните

Акните воглавно се јавуваат за време на пубертетот, но многумина не можат да се ослободат од нив дури ни кога ќе станат возрасни. Овие производи ќе ви помогнат во брзото ослободување од нив.Проверете, најверојатно веќе ги имате во вашиот дом:
1. Лед

Ледот може да ви помогне да го намалите воспалението на акните. Нанесете малку лед директно на местото со акни и задржете го 1 минута (не повеќе). Тој ќе го намали протокот на крвта во крвните садови, резултирајќи со намалување на црвенилото и отокот.
2. Јаболков оцет

Направете домашен тоник така што ќе измешате вода и јаболков оцет. Користете памук за нанесување на тоникот. Тој ќе ви помогне да ги елиминирате сите бактерии од вашето лице кои најчесто водат кон појава на акни.
3. Сок од лимон

Сокот од лимон содржи здрави киселини и антиоксиданси. Исцедете малку лимонов сок и потопете едно топче памук во него, а потоа нанесете го на акните пред да легнете да спиете.
4. Лук

Никогаш не можете да згрешите со лукот. Земете неколку лукчиња, пасирајте ги и потоа помешајте со малку вода за да добиете густа смеса. Нанесете директно на акните и оставете неколку минути да делуваат, а потоа измијте го вашето лице.
5. Белка

Протеините и витамините кои се наоѓаат во белката ќе ви помогнат лесно да се справите со акните. Нанесете ја на проблематичната област и оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте со топла вода.

6. Сода бикарбона

Направете густа смеса така што ќе измешате сода бикарбона со вода. Нанесете ја смесата на акните и оставете ја 5 минути да делува, а потоа измијте го лицето со млака вода.
7. Кора од банана

Внатрешниот дел од кората на бананата може многу да ви помогне со вашата проблематична кожа. Поставете ја кората директно на акните и потоа нежно масирајте. Откако ќе завршите измијте го лицето со топла вода.
8. Компир

Компирот има моќ да влијае позитивно врз воспаленијата, па токму затоа и можете да го користите како еден вид маска за вашето лице со цел да се справите полесно со акните.
9. Краставици

Краставиците се одличен извор на витамин Ц, па токму затоа и ќе ја освежат вашата кожа. Нанесете ја на проблематичните области со цел да ја одржувате кожата хидрирана.
10. Портокал

Портокалот е одличен за вашата кожа бидејќи содржи витамин Ц, антиоксиданс кој ја регенерира кожата. Земете малку од кората на портокалот и промешајте го со вода така што да добиете густа смеса. Нанесете ја оваа смеса на кожата и оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте го вашето лице со млака вода.Проверете, најверојатно веќе ги имате во вашиот дом:
1. Лед

Пронајдете не на следниве мрежи: