Џон Меккејн: Името на државата го дава народот, а не другите држави!

Моето лично мислење е дека името на земјата зависи од народот на земјата и таа одлука се носи од народот на земјата, а не од некоја друга земја, вклучувајќи ја и Грција, нагласи американскиот сенатор Џон Меккејн, одговарајќи на прашањето на известувачот на МИА од ГЛОБСЕЦ 2015 во Братислава дали Република Македонија треба да добие покана за членство во НАТО заедно со Црна Гора на самитот во Варшава со оглед на тоа што ги исполнува сите критериуми, а единствена пречка е прашањето за името.Инаку, попладнево во рамки на безбедносниот форум ГЛОБСЕЦ 2015 во Братислава претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов имаше средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Словачка Мирослав Лајчак, на која заеднички било констататирано дека билатералните односи меѓу Македонија и Словачката Република се одлични.
Претседателот Иванов на средбата информираше за политичката и безбедносната состојба во Република Македонија, а беа разменети мислења и за генералниот состојби во регионот на Jугоисточна Европа, како и за состојбите со евроатланстските интеграции.
Во тој контекст, јави известувачот на МИА од Братислава, претседателот Иванов апелираше за засилен ангажман на ЕУ и нејзините членки во насока на деблокада на интегративните процеси и очекување на позитивните примери на паралелно движење во интеграциите и надминувањето на билатералната разлика да бидат применети и за Македонија.
– Очекувам почитување на времената спогодба и пресудата од Хаг, нагласи Иванов.
Министерот Лајчак потенцира дека Република Словачка добро ги разбира последиците од предолгото статус кво во интеграциите и како и досега Република Македонија може да смета на поддршката од неговата земја.
Како што е најавено доцна попладнево, на агендата на претседателот Иванов е и средба со Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.Инаку, попладнево во рамки на безбедносниот форум ГЛОБСЕЦ 2015 во Братислава претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов имаше средба со виц

Пронајдете не на следниве мрежи: