Донаторска акција во Делчево за помош на погодените во поплавите

Општина Делчево се вклучува во донаторската акција за собирање средства за настраданите од поплавите во Скопје и Тетово.Денеска на отворениот пункт пред просториите на Општинската организација на Црвениот крст на Македонија, вработените од Општината и градоначалникот Дарко Шехтански од свои средства донираа храна, вода и средства за хигиена.
Шехтански апелираше до сите фирми и поединци да се вклучат во акцијата.
– Со мојот личен пример сакам да ги повикам сите поединци и фирми во Делчево да донираат за семејствата од настраданите подрачја. Ова е наша првична реакција, а деновиве заедно со Советот на Општина Делчево ќе донесеме одлука за да извоиме средства кои ќе се уплатат на донаторските жиро-сметки, рече Шехтански.
Под мотото „Делчево за Скопје“ се одвиваше акцијата во Делчево на пунктот пред Црвениот крст кој ќе биде отворен вечерва до 20 часот. Невенка Христова, секретар на ОО на Црвениот крст Делчево, истакна дека за оваа акција се ангажирани 10-ина волонтери од Делчево.
– Апелирам граѓаните да го посетат пунктот и уште еднаш да ја покажат својата хуманост како и многу пати претходно. Според анализите од теренот каде се поплавените подрачја, неопходни во моментов се вода, конзервирана храна, храна за бебиња, пелени, средства за хигиена,… Граѓаните денеска од 10 часот претпладне донираат и засега сме задоволни од одзивот, рече Христова.
Помош за настраданите од поплавите ќе се собира и наредните денови во просториите на ОО на Црвениот крст во Делчево.
Донаторска акција се организира и во Берово со поддршка на Општина Берово и ОО на Црвениот крст. Од Општинта ги повикуваат граѓаните на Општина Берово да ја покажат својата хуманост на дело и да ја дадат својата помош во собирниот пункт во Бизнис-инкубаторот во Берово кој е отворен од денес до четврток, од 8:30 до 16:30 часот.Денеска на отворениот пункт пред просториите на Општинската организација на Црвениот крст на Македонија, вработените од Општината и градоначалникот

Пронајдете не на следниве мрежи: