Дождот направи хаос во Мелбурн, Ф1 квалификациите ќе продолжат во недела

Loading...

Борбата за пол позицијата, за првата трка во новото првенство во Формула 1 ќе се одржи во недела, откако, во саботата, поради силниот дожд квалификациите не може да бидат комплетирани.

Лошото време во Мелбурн, најпрвин го одложи почетокот на квалификациите за 20 минути, а кога стартуваа се одржа само првиот дел. Поради големото количество на вода кое се наоѓаше на патеката се случија многу излетувања, а откако условите се влошија, стјуартите почетокот на втората квалификациска серија ја одложија за еден час. Откако условите не се подобрија, организаторот реши втората и третата квалификациска серија да се одржат во недела со почеток во еден часот по средно европско време.  Во првиот дел од квалификациите најлошо мина Фелипе Маса, кој прилично го оштети својот Ферари, ништо подобро не мина ниту пилотот на Катерхем, Шарл Пик. Надвор од патеката но без последици завршуваа и Марк Вебер, Серхио Перез и Естебан Гутиерез. Пик не успеа да ја исполни нормата, но се очекува дека ќе му биде дозволено да ја вози трката. Покрај Пик, квалификациите в првиот дел завршија за Пастор Малдонадо, Гутиерез, Жил Бјанки и Макс Чилтон и Гидо ван дер Гарде.
Макфакс
Борбата за пол позицијата, за првата трка во новото првенство во Формула 1 ќе се одржи во неде

loading...
Loading...