ДРАМА: Марија избегала од дома, а на момчето му испратила порака дека…

Родителите во утринските часови забележале дека Марија Белчиќ ја нема во својата спална соба и нејзиното исчезнување веднаш го пријавиле во полиција. Потарагата е во тек.Покрај полицијата и родителите на Марија започнале потрага за ќерката преку социјалните мрежи. 
На Фејсбук има група која е наменета за Марија и на која се повикуваат сите оние кои имаат информации за неа.
Дедото кај кого се школувала и живеела последен пат ја слушнал околу два часот, кога заминала во тоалет. 
После тоа на девојчето ѝ се губи секаков траг. Бабата кога тргнала да ја буди за во училиште видела дека нејзината внука никаде ја нема. 
– Мојата мајка не ја затекла во креветот, ја разбудила нашата постара ќерка Наташа, но ниту таа ништо не чула. Нечујно замина од тоалетот. Не пушти вода, излезе од задниот излез, вели Горан, таткото на Марија 
Тој вели дека со младата ќерка никогаш немал никакви проблеми. Марија е многу друштвена и комуникативна личност, многу добар човек и одличен ученик и поранешна одбојкарка. 
Родителите на Марија ѝ дозволувале да излегува, но само до 22 часот. Таа имала симпатија. 
Тие не биле строги кон нивната ќерка и таа не била незадоволна. Нејзиниот татко изјавил дека попуштила малку со училиштето и дека малку почесто се гледала со момчето поради што родителите ѝ забраниле да користи мобилен телефон и Интернет, како и да излегува. 
Како што вели нејзиниот татко, овој пат таа го украла мобилниот телефон.
-Никој не може да каже зошто исчезна Марија, ниту што носела на себе. Се претпоставува дека била облечена во фармерки, а единствено што забележале дека ѝ фали црниот дуксер. Со себе имала мобилен телефон кој во понеделникот цел ден бил достапен, но повеќе не. 
– Ја баравме на мобилен, ја бараа другарките, поранешниот тренер, роднини и не се јави. Нејзината сестра го провери Фесјбук профилот, таа не ги прочитала пораките кои ѝ стигнале. Утврдивме дека во 2.45 часот испратила порака до момчето во која му се заблагодарила што бил покрај неа и рекла дека секогаш ќе го носи во срцето па макар и тој бил со друга. Ни таа порака не знам како да ја разберам, рекол Горан. 
Мајката на Марија вели дека во понеделникот ги пребарала сите места на кои излегувала, разговарала со нејзините другарки, наставнички, соседи.
Никој од нив не забележал дека евентуално била потиштена и дека нешто ја мачи.Покрај полицијата и родителите на Марија започнале потрага за ќерката преку социјалните мрежи. 
На Фејсбук има група која е наменета з

Пронајдете не на следниве мрежи: