ДРАМА во Јесенице: Натпреварот со Црна Гора загубен во последните моменти од мечот…

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби првиот натпревар на Европското Првенство во Словенија против селекцијата на Црна Гора со резултат 80-81.Во првата четвртина Црногорците дојдоа до предност од 24-25. Втората четвртина ја добивме ние со резултат 22-20. Вкупно, на полувреме резултатот гласеше 46-45 во наша корист.
Во вториот дел од натпреварот, во третата четвртина дојдовме до плус два позитива, односно, резултатот од третата четвртина гласеше 21-19.
Конечната, и мошне важна четвртина, гласеше со резултат во корист на Црногорците со резултат 13-17.
Во нашиот табор незаменлив беше Бо Меккејлеб со постигнати 23 поени, по него следи Дамјан Стојановски со уфрлени 19 коша, па Илиевски со 10 постигнати кошеви.
Во противничкиот табор најефикасни беа Сеховиќ и Рајс со по 16 уфрлени коша.
Утре, со почеток од 21 часот, македонската кошаркарска селекција ќе се судри со селекцијата на Литванија.Во првата четвртина Црногорците дојдоа до предност од 24-25. Втората четвртина ја добивме ние со резултат 22-20. Вкупн

Пронајдете не на следниве мрежи: