Државната матура помина без проблеми

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури. Испитот во сите училишта започнал во определеното време и се одвивал без никакви проблеми.
Македонски јазик и литература полагаа 10.730 кандидати, албански јазик и литература полагаа 5.424 кандидати и 428 кандидати полагаа турски јазик и литература.
Во процесот на реализација на матурата во училиштата беа ангажирани околу 1.400 наставници – тестатори и 200 набљудувачи.
На 9 јуни 2.335 кандидати ќе полагаат математика на 38 локации, согласно прегледот кој беше доставен до училиштата и објавен на веб локацијата www.matura.gov.mk.Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури.

Пронајдете не на следниве мрежи: