Дури 1,2 милиони деца се продадени и присилени на работа

Светскиот ден на борба против детската работа: Поголемиот број од тие деца, ако и ги преживеат годините од детството, па пубертетот, возрасното доба го дочекуваат болни, физички во неможност да се прехранат со работа.Денес во светот на тешка работа присилени се скоро 218 милиони деца, од кои поголемиот број т.е. 122 милиони живеат на подрајчето на Азија и Тихиот океан, но значаен е нивниот број и во развиените, индустриски земји, покажуваат податоците на Меѓународната организација на работата објавени на Светскиот ден на борбата против детската работа, 12 јуни.
Се проценува дека од вкупниот број деца кои работат, друи 74 милиони момчиња и 41 милион девојчиња се присилени да работат во доста тешки услови, па ги измачуваат и често се изложени на големи опасности. Децата највеќе работат земјоделство, покажуваат податоците на оваа организација, но детската работа е присутна во сите гранки, од услужни дејности до индустрија.
Децата работат во фабрики, ги користат за работа по куќи, тешки физички работи во градежништвото итн, а страшен е податокот дека секоја година во несреќа на работа животот го губат и до 22.000 деца.
Се проценува и дека 1,2 милиони деца се продадени и присилени на работа, а околу 300.000 деца учествуваат како војници во вооружените судири ширум светот.
Иако детската  работа ја регулираат три меѓународни конвенции: Две Меѓународни организации за работа кои се однесуваат на збрана и итна елиминација на најлошите облици на детска работа, па минималната возрас за почнување со работа, Конвенцијата на ОН за правата на детето, се уште е доста присутно сериозно кршење на правата на децата. Повеќето од тие деца се присилени на работа како би му помогнале на семејствоито, главно се апсолутно лошо платени, а нивните права на здрава среди и школување потполно занемарени.
Поголемиот број од тие деца, ако и ги преживеат годините од детството, па пубертетот, возрасното доба го дочекуваат болни, физички во неможност да се прехранат со работа, па понатаму се случува и да ги прехрануваат нивните деца, често на истата работа, доведени во еднаква безизлезна ситуација.Денес во светот на тешка работа присилени се скоро 218 милиони деца, од кои поголемиот број т.е. 122 милиони живеат на подрајчето на Азија и Тихиот

Пронајдете не на следниве мрежи: