Дурловски: Македонци, излезете борете се за државата

По­греш­на им е сли­ка­та за на­ро­дот, не зна­е­ја де­ка ман­да­ти­те што ги осво­и­ја од на­ро­дот не им се по­да­ре­ни, ту­ку де­ка тре­ба да ги зас­лу­жат и да ра­бо­тат за на­ро­дот, а тие уште пр­ви­от ден по­ста­пи­ја спро­тив­но на вол­ја­та на на­ро­дот. За­тоа и се­га на­ро­дот им ка­жу­ва: „Не, бла­го­да­рам“, ве­ли опер­скиот пе­јач Игор Дур­лов­ски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.Три­е­сет и де­ве­тго­диш­ни­от опер­ски пе­јач Игор Дур­лов­ски, кој е пр­ве­нец на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, де­но­ви­ве го гле­да­ме во дру­го свет­ло, на пр­ва­та ли­ни­ја на ба­ри­ка­ди­те во за­шти­та на уни­тар­на Ма­ке­до­ни­ја. Умет­ни­кот со свет­ско ре­но­ме зад се­бе има европ­ска ка­ри­е­ра, гра­де­на во из­ми­на­ти­ве 15 го­ди­ни на сце­ни­те во Гер­ма­ни­ја и во Ав­стри­ја. Пред не­кол­ку го­ди­ни се вра­ќа во Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди, ка­ко што знае да ка­же, не­до­стиг од топ­ли­на­та што му ја да­ва та­тко­ви­на­та. Вле­гу­ва во ини­ци­ја­ти­ва­та „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ за да ги раз­бу­ди па­сив­ни­те Ма­ке­дон­ци и да ги поттикне во за­шти­та на сво­ја­та зем­ја. Ка­но­на­да­та од на­вре­ди од опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и од Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци ве­ли де­ка не мо­жат да го од­вра­тат ис­пол­ну­ва­ње­то на крај­на­та цел – це­лос­но пов­ле­ку­ва­ње на си­те ан­ти­ма­ке­дон­ски пред­ло­зи и пла­тфор­ми.
Игор Дур­лов­ски, опер­ски пе­јач со свет­ско ре­но­ме, пр­ве­нец на МОБ, де­но­ви­ве го гле­да­ме на ули­ца во ед­но дру­го свет­ло, ка­ко Ма­ке­до­нец, па­три­от, са­мо­све­сен гра­ѓа­нин. Кој бе­ше ва­ши­от мо­тив да се прик­лу­чи­те на ини­ци­ја­ти­ва­та „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ и да иста­пи­те во пр­ви­те ре­до­ви за од­бра­на на уни­тар­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Сог­ле­ду­вај­ќи ја си­ту­а­ци­ја­та што на­ста­на во на­ша­та зем­ја, не­ма­ше друг на­чин за ли­чен при­до­нес, освен овој. При тоа, са­кам да наг­ла­сам де­ка не сто­јам јас или кој би­ло друг од ини­ци­ја­ти­ва­та, ка­ко по­ли­тич­ки прет­став­ни­ци или функ­ци­о­не­ри. Се ра­бо­ти за гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва, за спас за уни­тар­но­ста на зем­ја­та. Јас сум ту­ка ро­ден, обра­зу­ван и по по­ми­на­ти ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три по све­тот, се вра­тив на­зад за да при­до­не­сам за мо­ја­та зем­ја. Се­ед­но ка­ко дру­ги­те го тол­ку­ва­ат тоа, јас сум гра­ѓа­нин на Ма­ке­до­ни­ја и ја са­кам мо­ја­та Ма­ке­до­ни­ја, уни­тар­на Ма­ке­до­ни­ја.
Сце­на­ри­сти­те на пла­нот за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та го сме­та­ат ма­ке­дон­ски­от на­род за ми­рен и па­си­вен, од­нос­но не оче­ку­ва­ат да из­ле­зе и да се бо­ри за сво­и­те пра­ва. Со дру­ги збо­ро­ви, нив­ни­те прог­но­зи се де­ка за из­вес­но вре­ме на­ро­дот „ќе си лег­не на браш­но“ и ќе при­фа­ти сѐ што ќе му се сер­ви­ра на ма­са, па ду­ри и це­лос­но ме­ну­ва­ње на си­сте­мот. Ка­кви се Ва­ши­те прог­но­зи? Со кои очи го гле­да­те Ма­ке­до­не­цот?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Оп­ти­мист сум од де­нот број еден, пред да се прик­лу­чам на ини­ци­ја­ти­ва­та, и со исти­от оп­ти­ми­зам се прик­лу­чив на ини­ци­ја­ти­ва­та. Дој­дов и ре­ков, здра­во дру­га­ри, са­кам да по­мог­нам, ка­ко и ка­де ви тре­ба мо­ја­та по­мош, мо­и­те су­ге­стии, сѐ со цел и си­те, ус­лов­но ка­жа­ни, зас­па­ни или па­сив­ни Ма­ке­дон­ци да ги пот­тик­не­ме и за­поз­на­е­ме со тоа што се слу­чу­ва. И да, ве­ру­вав де­ка ини­ци­ја­ти­ва­та ќе би­де ма­сов­но под­др­жа­на и ве­ќе два де­на таа ма­сов­ност се гле­да, рас­те од ден на ден, што зна­чи и па­сив­ни­те сѐ по­ве­ќе се акти­ви­ра­ат. По­себ­но ме ра­ду­ва што ни­кој не ја во­ди ини­ци­ја­ти­ва­та во по­ли­тич­ка на­со­ка, и де­ка си­те сме на исти­от пат на за­чу­ву­ва­ње на уни­тар­но­ста на на­ша­та ре­пуб­ли­ка. Ед­но знам, кој и да по­мис­лил да се спро­тив­ста­ви на на­ши­от на­род, гле­да­но исто­ри­ски на­на­зад, и за­се­ко­гаш, ќе би­де гу­бит­ник. Ние сме ми­ро­љу­бив и тр­пе­лив на­род, но ко­га не­кој ќе ја пот­це­ни на­ша­та ин­те­ли­ген­ци­ја и сна­га, му се вра­ќа двој­но, ка­ко бу­ме­ранг.
Пр­ви­от со­бир из­не­на­ди со бро­јот на лу­ѓе со ог­лед на тоа де­ка ста­ну­ва збор за гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва, а не пар­ти­ски ми­тинг. След­ни­те со­би­ри, пак, беа уште по­ма­сов­ни… Се чи­ни ка­ко лу­ѓе­то да че­ка­ле не­кој да ги по­ве­де на ули­ца. Не­кои од нив ко­мен­ти­ра­ат ду­ри и де­ка тре­ба­ло мно­гу по­ра­но. Сме­та­те ли де­ка, ко­неч­но, е вре­ме да се раз­бу­ди Ма­ке­до­не­цот и да ги пре­зе­ме ра­бо­ти­те во свои ра­це?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Ги охра­бру­вам си­те, си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, не­за­вис­но на ко­ја ве­ра и на­ци­ја ѝ при­па­ѓа­ат, да из­ле­зат и да се бо­рат за да си ја за­чу­ва­ат др­жа­ва­та, таа иста­та во ко­ја вло­жу­ва­ле и во ко­ја се­ко­гаш ќе се вра­ќа­ат ка­де и да жи­ве­ат. Се бу­ди на­ро­дот, го има се­кој ден на ули­ца во сѐ по­го­лем број и со тоа ка­жу­ва де­ка не­ма проб­лем со ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си, ту­ку со над­во­реш­ни­те вли­ја­ни­ја, кои пре­ку вна­треш­ни лу­ѓе са­ка­ат да ја на­гр­дат др­жа­ва­та. А ние не­ма­ме дру­га, ре­зерв­на др­жа­ва.
За раз­ли­ка од на­сил­ни­те сце­ни што ги гле­дав­ме за вре­ме на та­ка­на­ре­че­на­та „ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ ка­де што де­мон­стран­ти­те се од­не­су­ваа ка­ко ху­ли­га­ни и уни­шту­ваа др­жа­вен имот и сквер­на­веа спо­ме­ни­ци, ов­де гра­ѓа­ни­те при­ка­жу­ва­ат со­се­ма по­и­на­кви ка­ра­кте­ри­сти­ки. Лу­ѓе­то про­те­сти­ра­ат мир­но и до­сто­инс­тве­но, без ни­ка­кви про­во­ка­ции и без пре­диз­ви­ку­ва­ње ште­ти. Мис­ли­те ли де­ка со олку мир­ни про­те­сти мо­же да се на­те­ра За­ев да се отка­же од при­фа­ќа­ње на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Ве­ќе ре­ков, ние сме ми­ро­љу­бив на­род, се­га сме по три-че­ти­ри ча­са на ули­ца, а са­ми­от на­род е рас­по­ло­жен да оста­не це­ли но­ќи на ули­ца до­де­ка не се при­фа­тат на­ши­те пред­ло­зи, за вра­ќа­ње на ра­бо­ти­те на ме­сто ка­де што тре­ба да би­дат. Пре­да­ле­ку се оти­де до­де­ка се­дев­ме до­ма, мо­же­би мис­леа де­ка не сле­ди­ме што се слу­чу­ва, но со пр­ви­от ден на со­би­ри­те по­ка­жу­ва­ме де­ка тре­ба да се пре­ис­пи­та­ат. Не са­мо име­ну­ва­ни­от, си­те ве­ќе се свес­ни де­ка не мо­жат да си игра­ат со на­ро­дот и убе­ден сум де­ка ве­ќе раз­мис­лу­ва­ат ка­ко да ка­жат „пу, пу, не ва­жи“ на се­то тоа што го до­го­во­ри­ле, а на­ро­дот не го при­фа­ќа. По­греш­на им е сли­ка­та за на­ро­дот, не зна­е­ја де­ка ман­да­ти­те што ги осво­и­ја од на­ро­дот не им се по­да­ре­ни, ту­ку де­ка тре­ба да ги зас­лу­жат и да ра­бо­тат за на­ро­дот, а тие уште пр­ви­от ден по­ста­пи­ја спро­тив­но на вол­ја­та на на­ро­дот. За­тоа и се­га на­ро­дот им ка­жу­ва: „Не, бла­го­да­рам“.
Ве­ли­те не­ма да доз­во­ли­те да се пре­ми­не пре­ку цр­ве­но-жол­та­та ли­ни­ја. Што зна­чи тоа?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Тоа зна­чи де­ка не си оди­ме од ули­ци­те, до мо­мен­тот до­де­ка не се пов­ле­чат си­те ан­ти­ма­ке­дон­ски пред­ло­зи и пла­тфор­ми. Зна­е­те, ни­што од тоа што го гле­да­те на ули­ца не е из­мис­ле­но, ре­ка на­род се­кој ден се дви­жи по ули­ца, па зар мис­ли­те де­ка таа ре­ка на­род ќе ве оста­ви да ја пре­ми­не­те ли­ни­ја­та?! Ни слу­чај­но, не­мој да се за­ла­жу­ва­ме, си­те има­ме де­ца, вну­ци, ро­ди­те­ли, ба­би и де­дов­ци и си­те за­ед­но са­ка­ме да жи­ве­е­ме во оваа Ма­ке­до­ни­ја, на ова пар­че зем­ја, ка­де што, ко­неч­но, ни­ко­гаш ни­ко­му не му би­ло спре­че­но пра­во­то да збо­ру­ва, пи­шу­ва и да тво­ри на ја­зи­кот што го го­во­ри или го са­ка. Но без на­мет­ну­ва­ње, при­сил­но на­мет­ну­ва­ње, уче­ње ту­ѓи ја­зи­ци, стран­ски пла­тфор­ми, кои не се са­мо вр­за­ни ја ја­зи­кот ту­ку за це­лос­но уни­шту­ва­ње на се­то тоа што се гра­де­ло со го­ди­ни и со де­це­нии. Ни­кој од нас не­ма да доз­во­ли да се пре­ми­не ли­ни­ја­та, ве уве­ру­вам.
Се­кој што за­ста­ну­ва на бра­ни­кот на та­тко­ви­на­та исто­вре­ме­но се обе­ле­жу­ва ка­ко цел за от­стрел кај опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и кај Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци. Пос­лед­ни та­кво искус­тво имаа акте­рот Вла­до Јо­ва­нов­ски и но­ви­на­рот Цве­тин Чи­ли­ма­нов… Стра­ву­ва­те ли де­ка и Вие ќе се нај­де­те на ли­ста­та за ја­вен от­стрел кај опо­зи­ци­ја­та?
ДУР­ЛОВ­СКИ: Ве­ќе сум на ли­ста­та, ме плу­ка­ат се­којд­нев­но, а знам де­ка зна­ат де­ка сум во пра­во, а и сло­бод­но не­ка про­дол­жат, не им за­бе­ле­жу­вам. Крај­ни­от ре­зул­тат на на­ша­та ини­ци­ја­ти­ва е по­бед­нич­ки за Ма­ке­до­ни­ја, и за нас и за тие што ме плу­ка­ат, без раз­ли­ка да­ли тие го сфа­ќа­ат тоа или не. Зна­е­те, и тоа це­ло­то на­вре­ду­ва­ње, де­ка сум пла­тен, де­ка сум „ли­жач“, на­вре­ди­те кон мо­и­те де­ца, кон мо­е­то се­мејс­тво, ги чи­там, ги слу­шам, ама са­мо вер­ба­та де­ка се бо­рам за по­до­бро утре на мо­ја­та зем­ја, ми да­ва си­ла да ги оста­вам зад се­бе. А знам, де­ка на­ско­ро и тие исти­те ќе за­ста­нат за­ед­но со ил­јад­ни­ци­те лу­ѓе што се­којд­нев­но се на ули­ца би­деј­ќи ќе им се отво­ри де­лот во мо­зо­кот што ќе ја при­ми ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка е страш­но тоа што се за­го­ва­ра за Ма­ке­до­ни­ја. Ни­ту ќе ме зап­ла­шат со што и да ка­жат и што и да на­пра­ват. Јас сум се­кој ден на исти­те ме­ста и сло­бод­но, по­ве­ле­те, не тре­ба да ме са­ка­те, са­мо за­ста­не­те и ка­же­те де­ка ја са­ка­те Ма­ке­до­ни­ја, не ме­не. По­греш­на ви е цел­та.
(Интервјуто со Игор Дурловски е објавено во 235. број на неделникот Република, 3.03.2017)Три­е­сет и де­ве­тго­диш­ни­от опер­ски пе­јач Игор Дур­лов­ски, кој е пр­ве­нец на Ма­ке&

Пронајдете не на следниве мрежи: