По две прекрасни години поминати во дружење, разговори за мода, споделување насмевки, доделување подароци и размена на мнооогу гардероба и модни додатоци, ја имаме честта да ве поканиме заедно да го прославиме нашиот втор роденден!Забавата е од отворен карактер и ќе биде на 29.03.14 (сабота) во Up Café (на врвот на новиот трговски центар пред ЕВН, над бутикот OVS) во 16:00 часот. За роденденот да биде весел и убав, ќе има фино музиче, коктели на промоција, чоколадни мафини и, најважно од се’, подароци од LUSH. Како и секогаш, за да се овековечи настанот ќе имаме професионален фотограф кој ќе се погрижи да го преплавиме Фејсбукот со прекрасни фотки! 24 месеци, 14.500 членови, 19.500 фанови, 145.000 поставени артикли, 19.000 продадени артикли, по 1.500 пораки на ден, по 40 коментари на ден, 100.000 посети месечно, 30.000 уникатни посети месечно, 3.000.000 прегледи на страници месечно. Тоа се бројките што ги одбележаа овие две години! Ветуваме дека ќе продолжиме да растеме, да ве забавуваме и наградуваме! Се гледаме во сабота!
Повеќе информации околу настанот можете да најдете на следниот ЛИНКЗабавата е од отворен карактер и ќе биде на 29.03.14 (сабота) во Up Café (на врвот на новиот трговски центар пред ЕВН, над бутикот OVS) во 1