Дволичноста на СДСМ го достигна својот суперлатив. Ако досега водеа кампањи дека е висок јавниот долг, сега ретерираат и бараат задолжување од милијарда евра, бараат кредити, аранжмани со ММФ.Најнов пример за тоа е денешната изјава на сдсмовскиот олигарх и портпарол на ставовите на опозицијата – Горан Рафајловски. Тој вели дека државата треба да позајми милијарда евра за да стопанството профункционира.
– Новата влада сериозно треба да се потруди да ги врати долговите на државата кон јавните претпријатија, компаниите при што треба да позајми околу една милијарда евра за стопанството да профункционира – потенцираше Рафајловски.
Овој свој предлог Рафајловски го правда со тезата дека со тие пари државата би ги вратила обврските кон компаниите, иако и од министерот за финансии и од ресорното министерство на повеќе пати беше потенцирано дека нема такви обврски, а досега ниту една компанија не кажала дека државата и должи пари.
Да постетиме дека Рафајловски беше еден од најострите критичари на јавниот долг, а сега бара да се зголеми за милијарда евра. Јавноста ја памети и изјавата на Заев кој најави дека ако доколку дојдат на власт сакаат да земаат нови кредити. Повеќе функциониери на СДСМ во повеќе наврати барале аранжман со ММФ.
Значат ли овие изјави на СДСМ и нивните пулени дека признаваат дека Македонија е ниско задолжена земја? Ова веќе го кажаа и Светска банка и ММФ и Еуростат и сите реномирани меѓународни финансиски институции. Еуростат ја рангираше Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа.
Целата кампања која СДСМ ја водеше за јавниот долг на државата е само политички пр без никаква основа и сега тоа е јасно.Најнов пример за тоа е денешната изјава на сдсмовскиот олигарх и портпарол на ставовите на опозицијата – Горан Рафајловски. Тој вели дека држ