E.ON повторно во плус во 2012 г.

Најголемиот германски снабдувач со електрична енергија E.ON објави во средата дека во 2012 година повторно работел во плус, остварувајќи нето добивка од 2,217 милијарди евра, по загубите од 2,219 милијарди евра во претходната година.

Темелната нето добивка, која вклучува и еднократни ставки, скокна за 67 отсто, на 4,187 милијарди евра.И оперативната добивка, која ја мери добивката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА), порасна за 16 отсто, на 10,786 милијарди евра.Приходите на компанијата се зголемиле за 17 отсто, на 132,09 милијарди евра, објави E.ON во годишниот извештај за 2012 година.Меѓу клучните причини за зголемување на темелната добивка се наведува значително подобрување на работењето со велепродажбата на гасот, по повторното покренување на преговорите со потрошувачите за договорите за набавка. Позитивни фактори во 2012 година беа и проширените производни капацитети во Русија и мерките за кастрење на трошоците, а негативни беа ниските цени и волуменот на продажба во работењето со електрична енергија.
Макфакс
Најголемиот германски снабдувач со електрична енергија E.ON објави во средата дека во 2012 год

Пронајдете не на следниве мрежи: