Промената на климата изгледа дека е надвор од контрола. Барем, така беше прикажано на временската прогноза на Fox 10 News.Сѐ ќе беше добро, ако на мапата не беа прикажани температури од преку илјада степени Целзиусови, но метеорологот Кори Меклоски одби да се вкочани пред камерата и реши на најдобар можен начин да се справи со ситуацијата.
Меклоски се соживеа со ситуацијата и почна да им дели совети на гледачите, додека во позадина се слуша смеењето на неговите колеги од студиото.
„Па, доволно е да се каже дека и челикот ќе почне да се топи на овие температури, нели?“, зборува тој.
Потоа додава: „Веројатнo тука ништо нема да остане. Не морате ниту да се обидувате да крадете лични работи од луѓето. Нема ништо да остане од горештините“.
„Искрено, Викенбург е чист губиток. Изгледа дека побезбедни места се Чендлер и Меса. Но, изгледа ќе бидете опколени со големи горештини. Не сум ви татко, но јас би излегол да бегам. Додека сѐ уште сум во можнoст да го направам тоа“.
Погледнете го видеото и уверете се како овој снаодлив метеоролог успеа да ги насмее луѓето:
Сѐ ќе беше добро, ако на мапата не беа прикажани температури од преку илјада степени Целзиусови, но метеорологот Кори Меклоски одби да се вкочани п



