Еди Рама ги навреди Македонците: Несфатливо е кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален

Балканот е безбеден се додека земјите се насочени кон Европа. Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за швајцарски весник тврди дека запирањето на евроинтегративниот процес може да доведе до прецртување на балканските граници.-Границите на Балканот се безбедни сè додека балканските земји се насочени кон интеграцијата во Европската Унија, но доколку овој процес пропадне, тогаш и дебатата за границите ќе се врати на маса – вели Рама.
Македонија со години добива позитивна препорака за старт на преговорите, но сепак на патот до европската унија единствена пречка останува спорот со Грција.
Прашан за платформата на албанските партии, Рама вели дека само побарал од Владата во Скопје во целост да ги почитува правата на Албанците во Македонија
-Тоа е несфатливо за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски, како забранет јазик во федералните институции или судот?, вели Рама.
Позициите на Рама и неговото учество во тиранската платформа во земјава беше пречекано како мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија. На ист начин беше дочекана и изјавата на албанската пратнеичка од опозицијата
И додека официјална Тирана се бори за унапредување на правата на албанското малцинство  и бара официјализирање на албанскиот јазик, Македонија се уште чека западниот сосед да ја признае под уставното име, а со новата територијална организација Македонците во Албанија ги загубија скоро сите општини каде што имаа мнозинство.-Границите на Балканот се безбедни сè додека балканските земји се насочени кон интеграцијата во Европската Унија, но доколку овој процес про

Пронајдете не на следниве мрежи: