Единаесет лица добија кривични пријави за случајот со силуваното девојче

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“, а во врска со случајот на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“. Оваа пријава, посочуваат од МТСП, ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година.
Исто така, од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита, стои во соопштениетОваа пријава, посочуваат од МТСП, ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот

Пронајдете не на следниве мрежи: