Единствен спас за да не стапат во брак: Заробените жени Јазиди извршуваат сѐ повеќе самоубиства

Жени јазиди, кои биле земени за заложнички од страна на џихадистите од Исламска држава, се самоубивале за да не бидат насила омажени за членови на групата,Илјадници мажи, жени и деца јазиди беа заробени од сунитскитеекстремисти при нивното освојување на северен Ирак во текот на јуни.
Многу од мажите биле убиени или принудени да го прифатат исламот. Жените, пак, често им биле подарувани на џихадистите како трофеј или продавани како секс робинки, посочува „Амнести“ во својот извештај „Да побегнеш од пеколот“.
Околу 300 жени и деца успеале да избегаат од камповите на Исламска држава, но околу 40 позитивно одговориле за учество во извештајот на „Амнести“.
Џилан имала 19 години кога летово била заробена од џихадистите. Подоцна нејзиното семејство разбрало дека таа се самоубила.
– Бевме 21 девојче во една соба, две беа многу мали, на 10-12-годишна возраст. Еден ден ни дадоа облека, која наликуваше на облека за танцување. Ни кажаа да се искапеме и да ја облечеме облеката, раскажува 20-годишната Луна. „Џилан се самоуби во бањата. Таа си ги пресече вените и се обеси. Беше многу убава. Мислам дека знаеше дека ќе биде одведена од некој маж и затоа се самоуби“, се потсетува Луна, која успеала да избега.
Други спасени девојчиња раскажуваат дека биле тепани, малтретирани, мачени и силувани.Илјадници мажи, жени и деца јазиди беа заробени од сунитскитеекстремисти при нивното освојување на северен Ирак во текот на јуни.
Мно

Пронајдете не на следниве мрежи: