Едноставен пудинг колач

Едноставен пудинг колач со дупчињаСостојки:
за тесто:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
4 лажици какао
4 лажици чоколадо во прав
1 прашок за печиво
1 ванила шеќер
150мл масло
150мл млеко
за жолтиот крем:
2 пудинга од ванила
900мл млеко
6 лажиоци брашно
150гр путер
За кафениот крем:
2 пудинга од чоколадо
800мл млеко
6 лажици шеќер
100гр путер
Подготовка:
За тестото одвојте ги белките од жолчките. Матете ги жолчките и ванилата додека не станат пенести, потоа додадете го маслото, по неколку минути матење постепено додавајте го брашното со прашокот за печиво и веднаш потоа какаото и чоколадото во прав. На крај додадете го снегот од посебно изматените белки.
Смесата ставете ја во тавче за печење со средна величина и печете на 180 степени 20 до 25 минути. На печеното и се уште топло тесто рамномерно направете му дупки со дршката од лажицата за готвење.
Прво подгответе го жолтиот крем така што во топлиот сварен пудинг ќе го додадете ситно исецканиот путер. Мешајте го кремот така што ќе добиете густа смеса. Додека се уште е топол кремот намачкајте го на тестото. Израмнете со лажица за сите дупчиња да се наполнат со крем.
Оставете го колачот на стана па подгответе го кафениот крем по иста постапка. Повторно топлиот пудинг прелијте го врз жолтиот. По желба украсете со чоколадни ронки. Откако чолачот ќе се излади исечете го на коцки.
Пријатно.Состојки:
за тесто:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
4 лажици какао

Пронајдете не на следниве мрежи: