Едноставна и брза подготовка на вкусен печен компир!

Убаво подготвениот печен компир ќе ги задоволи вашите критериуми за вкусна храна. Затоа веруваме дека овој рецепт ќе ви се допадне.Потребни состојки:
Компир (произволна количина)
4-5 лажици путер
1-2 лажици мешани растителни зачини
Неколку парчиња ситно исецкана панцета
Подготовка:
1. Неизлупениот компир добро да се имие. Ако компирот е многу стар и ако кората му е многу оштетена, тогаш излупете го во тенок слој до пола. Потоа, засечете го компирот со остар нож на секои 0,5 cm дебелина, но не до крај. Внимавајте на тоа компирот на долната страна да остане цел, а да изгледа како дебел чешел (погледнете на фотографијата).
2. Во направените засеци наизменично ставете ги заедно путерот измешан со растителни зачини и панцетата. Посолете ги компирите и ставете ги да се печат во рерна на 180 степени Целзиусови, околу 40-тина минути.
3. Послужете ги додека се топли.
Пријатно јадење!
За повеќе рецепти, совети за храната и здравјето, посетете го НАЈАДИ СЕ.МКПотребни состојки:
Компир (произволна количина)
4-5 лажици путер
1-2 лажици мешани растителни зачини

Пронајдете не на следниве мрежи: