Едукативна работилница „Иванденски празнувања во Ресен“

Loading...

На 22.06.2016 год. во Ресен во Спомен Куќата на Татарчеви, беше организирана интерактивна едукативна работилница за деца од основните училишта, на тема „Иванденски празнувања во Ресен“.Работилницата беше реализирана од страна на д-р Луческа Ели и д-р Стојанова Мери, и претставува една од низата активности за подигнување на јавната свест на локалното население за значењето и специфичноста на овој празник.
Празникот „Иванка“ од почетокот на 2016 год. на национално ниво, е прогласен за нематеријално/духовно културно наследство, со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Ни преставува големо задовоство што  традиционалните карактеристики на нашата локална заедница во Преспа , се препознаени од националните институции и што се превземаат активности кои одат во насока на нивна промоција. Истите за нас преставуваат и заштита на нашиот духовен белег но и одлична можност да се стават во функција на туризмот во Општина Ресен – изјави Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
Предвидените активностите се реализираат согласно Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 г. на Република Македонија, а носител е ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, во соработка со Општина Ресен.Работилницата беше реализирана од страна на д-р Луческа Ели и д-р Стојанова Мери, и претставува една од низата активности за подигнување на јавната

loading...