Тештата ѝ вели на својата ќерка: „Маж ти ги има сите знаци на алкохоличар, исто како кај татко ти“. По оваа случка, не поминал ниту еден ден без жената да не го предупредува мажот за опасноста од прекумерното консумирање на алкохол и му правела скандали. На крајот од приказната, мажот навистина се пропил…-Ако очекуваме од даден човек одредени дејствија, тогаш најлошите предвидувања се обистинуваат, објаснува психологот Александра Сучкова за порталот aif.ru.
-Во овој случај, самата жена го испровоцирала мажот да ѝ возврати. Слично сценарио се развива при односите со тинејџерите, кога се плашиме за нив. Возрасните очекуваат од детето несоодветни активности и разговараат со нив со повишен тон, затоа како одговор добиваат агресија, додава Сучкова.
Зошто ми се случува тоа што не го сакам?
Одговорот го дава американскиот психолог, проф. Роберт Розентал. Тој докажува дека постои т.н. Ефект на Пигмалион: ако се упатат пораки кон човек дека го очекува некој настан, тој несвесно почнува да се однесува така, што мисли дека тоа навистина ќе му се случи.
Розентал им рекол на студените да обучуваат неколку глувци. На едната група стдуенти им рекол дека им се паднати глупави животни, а на другата – дека животните поседуваат некои способности. Глувците биле исти, но најпаметните биле обучени многу побрзо од „поглупавите“.
Ефектот на Пигмалион е потврден и од други психолози – Ребека Кертис и Ким Милер. Тие ги поделиле учениците во парови. Едните двојки изјавувале дека за нивниот партнер имаат добро мислење, а другите спротивното – дека имаат лошо мислење за партнерот. Во првиот случај, партнерите наоѓале заеднички јазик, но во вториот случај комуникацијата никако не се развила.
Веруваме во саканото
Искрената верба може да работи и во името на доброто. Сетете се на плацебо ефектот: наместо лек, се дава најбезопасно апче, но човекот оздравува. Ако навистина сакате нешто, тоа најверојатно ќе се оствари, бидејќи се стремите кон целта.
Постои и научно објаснување за популарноста на хороскопот. Психологот Бертран Форер, исто спровел експеримент со студентите: напишал за секој од нив карактеристика и ги прашал колку е реална. Сите одговориле дека е целосно реална. Но, итриот Форер на сите им дал ист текст.
Објаснувањето е едноставно: на луѓето им се допаѓа да читаат или да зборуваат за себе.
Ефект на првиот впечаток
90% од мислењето за даден човек се формира во првите 90 секунди. Тука делува автосугестијата. Ако некој човек не ни се допаѓа на прв поглед, што и да прави, тој нема да се издигне во нашите очи.
Ефект на Ромео и Јулија
Колку повеќе има пречки на патот на вљубените, толку посилно се привлекуваат. Најверојатно, сепак односите им ќе се исцрпат кога тешкотиите ќе поминат.
Ефект на публика
Присуството на непознати луѓе кардинално ги подобрува резултатите на спортистите. Со тоа се објаснуваат рекордите постигнати на големи натпревари – пред публиката, натпреварувачот се истакнува подобро отколку на тренингот.
Ефект на изборот на пријатели
За пријатели ги избираме луѓето кои личат на нас самите. Интересно е дека во психијатриските клиники, пациентите често наоѓаат пријатели со истата дијагноза, иако неа ја знаат само лекарите.-Ако очекуваме од даден човек одредени дејствија, тогаш најлошите предвидувања се обистинуваат, објаснува психологот Александра Сучкова



