Експерти од Франција во повеќедневна посета на Скопје

Во рамки на активностите на европскиот проект CREATE, од 7 до 9 ноември во Скопје во работна посета престојуваше повеќечлена делегација од Париз, Франција. Нивната работна посета е во рамките на проектот CREATE – Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency (Зголемување на транспортната ефикасност во Европа), каде што експерти од Париз, Франција во областите на сообраќајот, инфраструктурата и урбанизмот споделуваа искуства и добри практики со претставниците од администрацијата на Град Скопје и  јавните претпријатија на Град Скопје. 
За време на работната посета во Младинскиот културен центар беа организирани голем број дебати и презентации, каде што главни предавачи беа Доминик Риу, сообраќаен и транспортен инженер и Џереми Корел, економист и статистичар, двајцата вработни во Регионалната агенција на Париз за планирање и развој (The Paris Region Planning and Development Agency (IAU Île-de-France). На овие работни средби беа презентирани дел од модерните решенија коишто се применуваат во Франција, како што се повеќестепениот транспортен систем, системот за изнајмување велосипеди, модерни сообраќајни решенија и слично.
Проектот CREATE – Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency (Зголемување на транспортната ефикасност во Европа) е проект финансиран од Европската комисија, во рамките на Хоризонт 2020. 
Станува збор за 36 месечен истражувачки проект, кој е насочен кон истражување на проблемите во сообраќајот со коишто се соочуваат урбаните центри, како резултат на наглото зголемување на бројот на автомобили. Целта на проектот е давање  конкретни предлози и насоки за надминување на овие проблеми, како и размена на позитивни искуства и решенија помеѓу градовите. Во овој проект градовите Париз (Франција), Копенхаген (Данска), Виена (Австрија), Лондон (Англија) и Берлин (Германија) го имаат статусот на ментори, и истите ги споделуваат позитивните искуства со други градови, односно со Скопје, Букурешт (Романија), Талин (Естонија), Аман (Јордан) и  со Адана (Турција).Нивната работна посета е во рамките на проектот CREATE – Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency (Зголемува

Пронајдете не на следниве мрежи: