Експлозија на бомба во Апелацискиот суд во Атина

Бомба експлодира рано изутринава во Апелацискиот суд во Атина, предизвикувајќи сериозни оштетувања на зградата и на неколку околни објекти, но не и човечки жртви.Како што јавија грчките медиуми, силната експлозија, која се слушнала на голема оддалеченост, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Атина. 
Полицијата информира дека околу 2:50 часот по локално време (1:50 по средноевропско време) непознато лице се јавило во редакциите на „Весникот на уредниците“ и на „Зунгла“, предупредувајќи дека за 40 минути ќе експлодира бомба во зградата на Апелацискиот суд.
По ова, припадници на полицијата го блокирале реонот околку судот и целосно ја испразнила зградата.  
Полицијата соопшти дека смета оти станува збор за „чин на тероризам“, без да објави повеќе детали за причините за таквата оценка. 
Од утрово на местото на експлозијата се води истрага за утврдување на видот на бомбата и за откривање на сторителите. Како што јавија грчките медиуми, силната експлозија, која се слушнала на голема оддалеченост, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Ати

Пронајдете не на следниве мрежи: