Експлозијата во седиштето на Pemex ја предизвикал насобран гас

Мексиканскиот државен обвините изјави во понеделникот по локално време дека истекување на гас а не бомба, ја предизвикало експлозијата во која загинаа најмалку 37 луѓе во седиштето на државната нафтена компанија Pemex во центарот на главниот град на Мексико.

Во подземните простории на анексот на комплексот на Pemex во Сиудад де Мексико се насобрал гас кој експлодирал, изјавил државниот обвинител Хезус Муриљо Карам на прес-конференција, пренесува AFP.
Експлозијата што се случи минатиот четврток во кулата Б во седиштето на компанијата предизвика уривање на дел од долните катови, при што загинаа 37 а беа ранети 120 луѓе, изјави обвинителот Муриљо четири дена по несреќата во кој се уништени канцелариите на Pemex, четвртиот најголем производител на нафта во светот.
Државната компанија Pemex во моментов е еден од најголемите во светот. Според законот, таа има ексклузивни права да истражува и да произведува нафта во Мексико, и речиси 60 отсто од нејзините приходи одат во државниот буџет.
„Потврдуваме дека нема никакви траги од експлозив”, изјави државните обвинител прецизирајќи дека нема ниту кратер, како и дека жртвите немаат изгореници какви што предизвикуваат експлозии на бомби.
Меѓу 200 и 250 луѓе се наоѓале во четвртокот во 16 часот по локално време во подрачјето на експлозијата, изјави извршниот директор Емилио Лосоија кој по веста за експлозијата донесе одлука да се врати во Мексико, прекинувајќи ја работната посета на Азија.
Во кулата Б од којашто се уништени 13 катови, работат инаку 1.700 службеници, а во целиот комплекс секојдневно работат околу 10 илјади луѓе.
Во компанијата Pеmex и во минатото се случуваа смртоносни инциденти, а најголемиот беше во 1984 година, кога во експлозија во постројките за природен гас на крајот од Мексико сити загинаа 300 луѓе Осум години подоцна, околу 200 луѓе загинаа, а дури 1.500 беа повредени в серија подземни експлозии на гас во Гвадалахара, вториот по големина мексикански град. Во средината на септември 2012 година, пак, се случи силна експлозија на гас на постројка на компанијата гас во североисточната област од сојузната мексиканска држава Тамаулипаз загинаа 26 лица.
 
Makфакс
Мексиканскиот државен обвините изјави во понеделникот по локално време дека истекување на гас а не бомба, ја п

Пронајдете не на следниве мрежи: