ЕКСПРЕС ТОРТА без печење!

Побрза торта никогаш не сте правеле…Состојки
4 пудинга од ванила
8 лажици шеќер
1 л. млеко
250 гр. маргарин
250 гр. плазма кекси мелени
200 гр. чоколадо за готвење
50 гр. кокос
2 шлаг пена
250 мл. млеко (за шлагот)
банана или чоколадни трошки (за декорација)
Упатство
Во сад се вари млекото со шеќер, се додава пудингот растопен во малку млеко, и откако ќе се свари и ќе добие густина, се остава да се олади, па се мати заедно со маргаринот додека да се добие хомогена смеса.
Се топи чоколадата за готвење на пареа со малку масло, и потоа се остава да се лади. Бисквитите се мелат или се дробат ситно со сукалка.Пудингот се дели на 3 дела: во едниот се ставаат мелените бисквити и се меша со рака додека да се соедини смесата, па се става во правоаголен сад (или округла тава 28) рамномерно во вид на кора.
Во другиот дел се додава растопената чоколада и се мати со миксер, па се става врз кората со бисквити, а во третиот дел се додава кокосот и се мати со миксер, па се става најодозгора.
Се мати шлагот и се спремачкува целата торта одозгора, па се става во фрижидер или на студено да се стегне. Може да се декорира со исецкани банани или чоколадни трошки. Состојки
4 пудинга од ванила
8 лажици шеќер
1 л. млеко
250 гр. маргарин
250 гр. плазма кекси мелени

Пронајдете не на следниве мрежи: