Експресни печива за појадок!

Зошто се експресни….. затоа што се готови додека го сварите кафето.Состојки:
300гр брашно
1 лажица мед
200мл вода
300-400мл млеко
Средство за нараснување
Сол
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее. Брашното ставете го во длабок сад и помешајте го со солта и средството за нараснување. Медот стопете го во водата и  заедно со млекото додадете го во брашното. Мешајте со дрвена лажица додека не добиете полугусто тесто, а доколку е многу ретко додадете уште малку брашно. Оставете да одстои 10 минути.
На тавчето ставете хартија за печење. Со лажица ставајте од тестото на хартија. Печете во рерна и печете 10 минути на 250 степени. Извадете од рерна, ставете ги во корпа и замотајте.
Добар апетит.Состојки:
300гр брашно
1 лажица мед
200мл вода
300-400мл млеко
Средство за нараснување

Пронајдете не на следниве мрежи: