ЕУРОСПОРТ со ѕвездата на зимските спортови Линдзи Вон, ви претставуваат „Лов на историјата“

На фановите ќе им се даде ексклузивен преглед на животот на Линдзи Вон
Еуроспорт ги пренесува приказните на спортистите кои се припремаат за зимската Олимпијада
Достапно на сите платформи на ЕуроспортЕуроспорт денес ја објави соработката  со Линдзи Вон, најуспешната спуст скијачка на сите времиња, за да го лансира серијалот кој на фановите ќе им даде ексклузивен пристап во животот на зимската спортска икона- на и вон скијачките терени- како никогаш досега.
Серијалот  „Лов на историјата“ ,чија премира ќе биде во февруари 2017, ја следи Линдзи Вон додека таа се обидува да го оствари незиниот професионален сон и рушење на рекордот на бројот на освоени светски купови, формирајќи клучен дел од покритието на Еуроспорт на Зимските Олимписки игри во Пјонгјанг во 2018.


Вон поп потекло од Веил, Колорадо САД, се смета за најуспешен спуст скијач на сите времиња со освоени 76 светски купови во нејзината 16 годишна кариера. Освојувачката на злато од Олимпијадата во 2010 ќе им даде пристап на камерите на Еуроспорт во сите сфери на нејзиниот живот. Фановите ќе имаат можност да видат како таа се релаксира далеку од падините во својот дом со нејзиното семејство и пријателите, нејзините лични пасии и ќе имаат можност да го истражат начинот на размислување на елитната спортистка која се стреми за „спортска бесмртност“.
 
Фановите ќе бидат однесени на патување за да ги видат убавите и лошите моменти, и предизвиците со кои се соочила Вон во својот поход  да стане олимпиец. Со помалку од  500 денови до стартот на Зимската Олимпијада во 2018, „Лов на историјата“ е стратешки важен дел во намерата на Еуроспорт да ги раскаже приказните зад атлетичарите додека се стремат за освојување на злато.
Серијалот ќе биде емитуван на сите Еуроспорт канали и платформи, вклучувајќи го и Eurosport Player, кој со зачленување на претплатниците им дава можност да ја следат програмата во живо и на барање.
Дополнителна ексклузивна содржина ќе биде достапна на придружената апликација чие лансирање е најавено пред почетокот на серијата.
Линдзи Вон изјави: „Возбудена сум што ми е дадена можноста да ја раскажам мојата приказна со Еуроспорт преку Лов на историјата. За мене лично, следните 18 месеци ќе бидат највозбудливи од мојот професионален живот и не можам да помислам на подобар партнер од Еуроспорт за овој проект. Еуроспорт ме следеше преку цела моја професионална кариера, и сега е вистинско време да има преглед и врз мојот личен живот.
„Лов на историјата“ ќе ги однесе гледачите на патување каде што се надевам дека ќе доживеат неверојатни моменти, но исто така тие ќе ги видат и секојдневните предизвици со кои професионалните атлетичари се соочуваат секој ден. Ќе биде забавно!“
Питер Хатон, извршниот директор на Еуроспорт додаде: „Еуроспорт е возбуден за соработката со Линдзи, глобалната суперѕвезда. Низ нејзината кариер Линдзи се докажа дека не е само пионер кој еволуирал во глобална суперѕвезда, туку и модел за милиони низ светот. Преку сите Еуроспорт платформи, фановите ќе имаат ексклузивен преглед како оваа атлетичарка од светска класа се пригутвува, добрите и лошите моменти и предизвиците со кои ја чекаат во нејзиниот лов на историјата.
Ова импресивно емитување е совршен пример за новиот Еуроспорт кој креира уникатна содржина и покривање на спортот во живо за секоја Светски шампионат и Светски Куп оваа зима“.
Во јуни 2015, Дискавери Комуникејшнс и Интернационалниот Олимписки Комитет потпишаа договор според кој Еуроспорт ги доби правата за ексклузивен пренос на 50 држави и територии во Европа за наредните четити Олимписки игри (Пјонгјанг 2018, Токио 2020, Пекинг 2022 и игрите во 2024 година)Еуроспорт денес ја објави соработката  со Линдзи Вон, најуспешната спуст скијачка на сите времиња, за да го лансира серијалот кој на

Пронајдете не на следниве мрежи: