Еве зошто МОРАТЕ да слушате музика на 432 Hz!

Во 1939 година, нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс, ја определи фреквенцијата од 440 херци како стандард за подесување на тоновите. Тоа е направено со цел луѓето да мислат и да чувствуваат на определен начин, т.е. да станат робови на определена состојба на свеста. Поголемиот дел од западната музика, вклучувајќи ја популарната њу ејџ музика, сѐ уште се создава да свири на 440 Hz. „Доколку сакате да проникнете во тајните на Универзумот, позанимавајте се со енергијата, фреквенцијата и вибрацијата“ – Никола Тесла.
„Она што го нарекуваме материја е всушност енергија, чија вибрација е снижена за да може да се забележи со сетилата. Материјата не постои“ – Алберт Ајнштајн.
Тесла го кажа тоа. Ајнштајн се сложи. Науката докажа. Познат е фактот дека сѐ – вклучувајќи го нашето тело, е направено од енергија која вибрира на различни фреквенции.
Во однос на горните тврдења, се наметнува прашањето дали звучните фреквенции можат да влијаат на човекот? Секако дека можат. Начинот на кој фреквенциите влијаат на физичкиот свет е демонстриран со разни експерименти, односно на полето на науката, под називот климатика и мемориска способност на водата.
Климатиката покажува дека кога звучните фреквенции минуваат низ одредено средство, како што се водата, воздухот или песокот, тие директно ја менуваат вибрацијата на материјата. Сликата подоле покажува како пченкарното брашно измешано со малку вода, реагира со создавање на облик кој е под директно влијание на високите вибрации.

Природна фреквенција на Универзумот
Сите ние во себе имаме определена фреквенција за вибрирање, со оглед на тоа дека нашето тело се состои од 70% вода. Затоа, со сигурност можеме да очекуваме дека музичките фреквенции можат да ја менуваат нашата состојба на вибрирање. Некои ова би можеле да го наречат како „псевдонаука“, но гореспоменатите примери и научни експерименти не лажат. Секое изразување низ звук, емоција или мисла, содржи специфична фреквенција која влијае на сѐ околу нас.
Интересно: веднаш штом ќе се напушти градското окружување, луѓето се чувстуваат како да се препородени, а нијасните на боите, пеењето на птиците и жуборењето на водата имаат смирувачки ефект над умот. Тие звуци се состојат од вибрациска фреквенција која се мери во херци. Сите тие природни звуци вибрираат на 432 Hz, која е и природна фреквенција на Универзумот.
Голем број религии ги користат тоновите на 432 Hz во своите пеења, а шаманите во Амазонија ја користат оваа фреквенција кога изведуваат церемонија за исцелување. Дури и тибетанскиот звучен сад е наместен на 432 Hz, како и многу звучни древни инструменти кои се подесени на оваа природна звучна фреквенција.
Замислете сега каква е ситуацијата, кога целокупното население на Земјата е „подесено“ на поинаква и неприродна фреквенција од 440 Hz. Ако вибрациите во склад со Универзумот можат да понудат толку позитивни нешта, дали десинхронизацијата од нашиот извор би можела да има подеднакво силни негативни ефекти?

Стандардот на Гебелс важи и денес
Да, би се почувствувале негативните ефекти. Но, за момент ќе се вратиме во времето кога луѓето се оттуѓиле од вибрацијата на Земјата, Универзумот и од сето она што не е вештачко. Во 1939 година, нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс, ја определи фреквенцијата од 440 херци како стандард за подесување на тоновите. Тоа е направено со цел луѓето да мислат и да чувствуваат на определен начин, т.е. да станат робови на определена состојба на свеста.
За чудо, во 1950 година, американските власти определиле ISO стандард, според кој секоја музичка опрема, односно музиката на телевизијата и на радиото мора да биде емитирана на 440 Hz.
Според некои теории, фондацијата на Рокфелер ја започнала таа војна против свеста на човекот со наметнување на стандардни нагодувања на тоновите на А=440 Hz (Таквата фреквенција во САД е предложувана уште од 1936 година).
Музиката на оваа фреквенција се судира со енергетските центри на човекот, т.е. со чакрите – од срцето, до подножјето на рбетот, а ги стимулира чакрите над срцето. Според некои теории, таквата вибрација го стимулира егото и функциите на левата половина од мозокот, со што се потиснуваат емоциите на срцето, интуицијата и креативноста.
Сегашното нагодување на музиката на 440 Hz не е во хармонија со било кое космичко движење, ритам или природна вибрација. Моцарт и Верди ја базирале нивната музика на природна вибрација, а подесувањето на 432 Hz било наречено „Подесување на Верди“. Поголемиот дел од западната музика, вклучувајќи ја њу ејџ музиката, сѐ уште е нагодена на неприродните 440 Hz.
Скриена моќ на космичките фреквенции
Се смета дека фреквенцијата од 432 Hz, математички е складна со формата на Универзумот. Истражувањата покажуваат дека 432 Hz вибрира во склад со космичкиот златен сооднос („златен рез“), односно со бројот Пи, обединувајќи ги својствата на светлината, времето, просторот, метријата, гравитацијата и магнетизмот со биологијата, ДНК кодот и свесноста. Кога нашите атоми и ДНК ќе почнат да резонираат во склад со спиралните образоци на природата, доаѓа до зголемување на нашето чувство на поврзаност со неа. Бројот 432 се одразува и во формата на Сонцето, Земјата и Месечината, како и при мерењата на Шри јантра, Големата Пирамида во Египет, Стоунхенџ и голем број на свети места.
Исто така, интересно е дека фреквенцијата од 432 Hz е ускладена со хроматскиот спектар, додека фреквенцијата од 440 Hz отскокнува од тоа.
Виолината на Страдивари, која е најпрецизниот инструмент изработен со човечка рака, е наштимана на 432 Hz. Бројот 432 се наоѓа на безброј древни места, а бројот на статуи во Боробудур, кој е најголемиот будистички храм на светот „храм на безбројните Буди“ – изнесува 432.
Кога ќе се направи корекција на 432 Hz на нотите од цела октава, се прикажуваат мноштво древни свети броеви кои се изненадувачки поврзани со астрономијата, светата геометрија, точната географска ширина и должина на пирамидите и другите свети места, потоа со Библијата и останатите мистериозни дела, како што е Багавад-гита.
Дигиталниот уметник и канализатор на духовни пораки Маја Нартумид, истакнува: „Поголемиот дел од другите цицачи и живи суштества не се чувствителни на менувањето на нивниот сигнал од 432 Hz, бидејќи имаат посилно влијание на магнетизмот во нивните мозоци. Меѓу другото, делфините и слоновите не одат по цел ден наоколу со слушалки од Ајпод во ушите!“.
Затоа, препуштете им се на природните звуци и ќе бидете подмладени со исконската и чиста вибрација.

Пронајдете не на следниве мрежи: